Tuesday , June 27 2017

Благо водство на гласот „да“ на историскиот референдум во Турција

Турците утрово почнаа да гласаат на крајно контроверзниот референдум со кој во рацете на Реџеп Таип Ердоган може да се стават огромни нови овластувања и да се случат најрадикалните промени во политичкиот систем на земјата во модерната историја.

Анкетите за јавното мислење му даваат мала предност на гласот „да“, кој би ја заменил парламентарната демократија на Турција со семоќна претседателска функција и Ердоган би можел да остане на власт најмалку до 2029 година, вели Ројтерс.

Исходот, исто така, ќе ги обликува заострените односи на Турција со Европската Унија. Оваа земја членка на НАТО го стави под контрола протекот на емигранти во блокот – главно бегалци од војните во Сирија и Ирак, но Ердоган рече дека можеби ќе го преиспита договорот по гласањето.

Околу 55 милиони луѓе имаат право на глас на 167.140 избирачки места низ целата нација, а гласањето почна во 7 часот утрово (во 6 по наше) во источниот дел на земјата. Гласањето во остатокот од земјата почнува во 8 часот наутро и завршува во 17 часот во Турција. Турските гласачи во странство веќе го дадоа својот глас.

„Се воспоставува систем на еден човек, па јас реков ‘не’. Јас реков ‘не’ заради силен парламент“, изјави Хасан Челик, 29, откако гласал во најголемиот југоисточен град, Дијарбекир.

Во пресрет на почетокот на гласањето, курдските милитанти убија обезбедувач во напад на возило што носеше регионален функционер од владејачката АК партија во југоисточна Турција во саботата ноќта, јавија безбедносни извори.

Тие велат дека милитантите на Курдистанската работничка партија (ПКК) го извршиле нападот во областа Мурадије на југоисточната провинција Ван. Друг обезбедувач на официјалниот претставник на АКП бил повреден во нападот.

Референдумот остро ја подели нацијата. Ердоган и неговите поддржувачи велат дека се потребни промени за да се измени сегашниот Устав, напишан од генерали по воениот удар во 1980 година, за се спречат безбедносните и политички предизвици со кои Турција се соочува и да се избегнат кревки коалициски влади од минатото.

Противниците велат дека тоа е чекор кон поголема диктатура во земја во која околу 40.000 луѓе беа уапсени и 120.000 отпуштени или суспендирани од нивните работни места со острите мерки по неуспешниот државен удар во јули минатата година, што предизвика критика од западните сојузници на Турција и од групите за човекови права.

„Сè до гласањето јас бев неопределен, но последните терористички настани го истоштија нашиот народ. Затоа реков ‘да’, за моќна Турција“, рече 47-годишниот трговец Јигит Полат во градот Батман, исто така во југоисточниот дел.

Пакетот од 18 амандмани ќе ја укине премиерската функција и ќе му даде на претседателот овластувања да го подготвува буџетот, да прогласува вонредна состојба и да издава декрети без одобрение од парламентот.

За да победи резултатот „да“ е потребно просто мнозинство, вели Си-ен-ен.

 

 

Chitingen li akava?

I Francija dobingja nevo prezidenti

Sar so sine erati hramomo ki jek mli analiz , i viktorija taro akala predsedatelsko …

Koj ka lel o than taro Francoa Holand ?

Avdive si o dujto krugo bashi alusaribe prezidento ki Francija, kozom soj amange pendzardo ko …