Tuesday , October 24 2017

46-ти меѓународен боксерски турнир Златен Гонг 2016

Денеска и утре во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи 46-тото издание на меѓународната боксерска манифестација Златен Гонг 2016
На годинашното издание на „Златниот Гонг“ ќе учествуваат на 50-тина боксери од 12 земји и тоа:
Англија, Албанија, Босна и Херцеговина, Белгија, Словенија, Србија, Романија, Црна Гора, Холандија, Хрватска, Косово и домаќинот Македонија.
Златен гонг 2016
Македонски претставници ќе бидат: Исак Сулејмани (-52 кг.), Алмир Нуришов (-56 кг.), Јасир Лама (-60 кг.), Лујзим Исмаили (-69 кг.), Гоце Јаневски и Бобан Илиевски (- 75 кг.)
Според програмата денешната програма започнува со полуфиналните борби од 16 па се до 20 часот. Во меѓувреме, за 17 часот и 30 минути, закажано е свеченото отворање.
Традиционално, главен покровител на овој настан е Агенцијата за млади и спорт, која годинава одвои 900.000 денари за организацијата на овој боксерски турнир.
Борбите ќе се одржат во СЦ „Борис Трајковски“.
Покрај најпрестижната награда „Златен Гонг“ која ќе му се додели на најдобриот боксер на турнирот, предвидени се и награди за: најдобар техничар, тренер, судија, како и за најдобар боксер од Македонија, односно најдобар странски боксер.

Chitingen li akava?

Thavdela 3-to kolo erat taro LŠ ko Europakere stadionija.

Erat khelelape o 3-to kolo taro Liga Šampionengiri , kote so ka khelenpe 8-to mečija …

Maribe maškar o fudbalerija thaj o sudije.(VIDEO)

Ko fudbaleskere mečija paš ko golija thaj sa o javera šuže momentija isi than bašo …