Thursday , August 24 2017

Геге Демировски: Парите ми се нудени за моја кампања за градоначалник, не за кампања на СДСМ

Во насока на објективно информирање на јавноста и во полза на вистината, остро ги демантирам во целост тендециозните тврдења и искривени информации објавени на 16.06.2017 година од страна на медиумите Курир и Нетпрес, а одземени од социјалните мрежи, со цел да ми наштетат на угледот и честа. Вообичаено за овие медиуми користени се информации кои воопшто во себе ниту малку не содејствуваат со фактите а претставуваат груба манипулација и ширење невистини.

Осеќам морална и етичка одговорност да дадам објаснување дека паричните средства за кои станува збор а кои ми биле понудени од страна на еден редок голем хуман човек, биле како поддршка за мојата евентулна трка за градоначалник на општина Шуто Оризари на предстојните локални избори, а не како што било тврдено за изминатите предвремени парламентарни избори.

Јас тие парични средства љубезно ги одбив и не сум ги примил. Сакам да им порачам на медиумите дека за нивна жал нема никаков скандал во редовите на општинската на СДСМ во Шуто Оризари, па колку и да го барале…

Повикувајќи се на член 16 од Уставот на Република Македонија, со кој се гарантира правото на одговор и на исправка во средствата за јавно информирање, како и на позитивните законски прописи, вклучително и Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, јас Геге Демировски барам од посочените и од другите медиуми да го објават овој демант во целост.

Геге Демировски

Chitingen li akava?

Agorkerga o 2to puti rekonstuiribe, uklena o avtobusija dzi ple palune stanice!!!

Agorkerga o rekonstruiribe e šaktenge, kova so ko sig vakti palo agorkeribe e atmosfersko kanalizacijake …

Angleder jek berš atakujmo o Imami, a akana i dzamija ko Berovo!!!

Erati pali jacija namazi, ko rakakere arija atakujmi sine i dzamija ko Berovo „Mehmet beg“, …