Monday , March 27 2017

Германската полиција доби моќен тјуниран автомобил

Германската полиција доби нова опасна играчка – тјуниран Ford Mustang V8 GT што ќе се користи за новата нивна кампања. Локалниот специјалист за тјунирање на автомобилите на Ford, Wolf Racing бил задолжен за изработка на полицискиот Mustang.

Германската

Моделот кој го носи името Wolf Wide 5.0 има специјални 20 инчни фелни со Hankook гуми, прилагодлива амортизација, комплетен бодикит, заден дифузер, голем заден спојлер, спортски издувен систем и други спортски детали.

Автомобилот има 5.0 litarski V8 мотор чија сила е зголемена од 421 на 455 коњски сили. Тоа е доволно за забрзување од 0-100 за 4,3 секунди и максимална брзина од 268 километри на час.

germanija2

Овој моќен автомобил е дел од кампањата „Tune it! Safe!“ која треба да ги поттикне возачите да ги тјунираат автомобилите на сигурен и легален начин според германските закони.

germanija3

Оваа година за промотивен автомобил на кампањата беше избран Ford Mustang, а во текот на претходните години, таа функција ја имаа C7 Corvette, AC Schnitzer BMW Series 4, Brabus Mercedes A-Class, ABT Auri R8 и електричната верзија на Mini.

germanija4

Овој Mustang во наредните 12 месеци ќе биде на турнеја по разните саеми и настани. Трендот на атрактивни полициски автомобили е присутен подолго време, но многу од тие возила не се користат во вистински полициски цели.

За разлика од овој Mustang за германската полиција, нивните италијански колеги редовно патролираат во својот Lamborghini Huracan.

 

http://kajgana.com/germanskata-policija-dobi-mokjen-tjuniran-avtomobil

Chitingen li akava?

(ВИДЕО 18+) СНИМКАТА ГО ПОКАЖУВА УЖАСОТ ПО ЕКСПЛОЗИЈАТА НА АВТОМОБИЛ-БОМБА ВО БЛИЗИНА НА ТУРСКАТА ГРАНИЦА

Според последните податоци, во нападот загинале најмалку 60 лица, а други 50 се повредени. Очевидци …

Експлозија во близина на фудбалски стадион во Истанбул, најмалаку 20 повредени

Најмалку 20 полицајци се повредени во експлозија што се случи вечерва во близина на фудбалски …