Thursday , August 24 2017

Ден за историја – Вардарки против Ѓер за европска титула

Судир на титаните, така е насловен денешниот дуел меѓу Вардар и Ѓер (17.45 ч.) во „Ласло Пап Арена“, во финалето на Ф4 турнирот во Будимпешта за титулата во Лигата на шампионите. Македонскиот и унгарскиот шампион пет пати играле меѓусебе во Лигата на шампионите, но никогаш досега не ги одмериле силите на Ф4 турнирот откако се игра завршницата во ЛШ во овој формат.

Ѓер има две шампионски титули и пет финалиња во ЛШ, а за Вардар ова е историското прво финале во европската елита. И едниот и другиот тим демонструраа супериорност во полуфиналните дуели кои им обезбедија место во финалето. Прво Ѓер славеше против Будуќност (26-20), а потоа Вардар го исфрли од игра бранителот на титулата, ЧСМ Букурешт (38-33).

Ова ќе биде фантастично финале. Ѓер е тим што многу го почитувам бидејќи има врвни ракометарки во своите редови. Знаев дека еднаш ќе дојде денот кога ќе играме за европска титула“ – изјави искусната голманка на Вардар, Ина Суслина.

Суслина во полуфиналето одбрани три седмерци по ред и заедно со Амандин Лејно и со Мајса Песоа во резерва, носат драгоцена сигурност на голот на Вардар. На спротивната страна Ѓер ја има Норвежанката Кари Гримсбо во одлична форма, па не е исклучено токму голманките да го решат победникот. Впрочем, така беше и на претходните финалиња  на Ф4 кога и МВП титулата завршуваше токму кај чуварите на мрежата.

„Одигравме многу добро против Будуќност и тоа е начинот на кој може да стигнеме до титулата. Нашата одбрана и нашите голмани беа фантастични. Фокусирани сме на нашата игра и јас верувам дека напорната работа ќе даде резултат во денешното финале“ – вели Анита Горбиц.

Вардар пред две сезони го елиминира Ѓер во четвртфиналето и му застана на патот на унгарскиот шампион кој тогаш прв пат не обезбеди пласман на Ф4 турнирот во ЛШ.

Во натпреварот за 3.место со почеток во 15.15 часот, ќе играат сега веќе  поранешниот шампион ЧСМ Букурешт и Будуќност.

Chitingen li akava?

Eksluzivno intervju e neve ministereja bizo resor Samka Ibraimovski (Video)

Diken intervju ko pobuter teme bashi o Roma save planija thaj idee, numa thaj so …

Sekova Dive taro 18:00 live stream direktno ko WEBTV Ramazansko programa

Sekova dive taro 18:00 ko 24vakti ko live streamja direktno shaj dikena ramazansko barvali programa. …