Tuesday , October 24 2017

Друже стари одбројани су ти дани

Друже стари одбројани су ти дани

Поминаа и овие предвремени  парламентарни избори 2016 година, искрено мене ми беа многу забавни што се однесува до митинзите на ДПМНЕ, поготово на митинзите каде свои говор имаа преставниците на ромските политички партии коалициони партнери на ДПМНЕ, а нај интересните  говори ги имал Амди Бајрам, искрено не сакав да пропуштам ниту еден негов говор, пред се поради  неговите фрази со кои се  косат со вистинскиот прононс на одредени вокабуларни познавања од типот « КАНТОЗАЦИЈА », цинични вулгаризми, именувајќки божја чеда со животински имиња, се на се циркузијада од кловнови заедно со нивната публика  кои се утепуваа од смеење и кашлање во дадени временски интервали небаре  имаат туберкулоза.

Смешно е, а да не биде трагикомично кога сериозно ќе ги погледнеме  неговите настапи на овој  ромски некогашен и сегашен преставник на Ромите( на дел од  Ромите) во законодавниот дом на Македонија, како се треска од земја а неговите пајташи гротесно урликат и ракоплескат не баре го освои Монт Еверест.

Но денес еден  мал дел од Ромите  го видоа царот како шета гол, нема што да нуди сем да одземе и да  збори приказни од животинско царство со ветувања дека ќе градел зоолошка градина каде ке донел големи кафези, дека на некој гроб му спремал  и во таква негова дрибла игра заборави да го покрије својот гол, и ете ти го, прими меѓу нозе.

Онаа другата лојална  негова група уште не ги сватила приказните за тунелите со широки шини и бесконечни возови  кои итат кон провалија.

Е овој пат  грагјаните  ја легализираа својата воља, оној мал дел кој собра храброст ќе го повлече и големиот дел на своите собраќа, отварајќи им ги очите да ја видат светлоста која досега ја гледаа преку фалш диоптрија.

Зошто велам така, затоа што целосно ја гледаме промената која ја фати мојата населба а воедно и општина, со еден  показател дека автократското досегашно владеење на фамилијата Бајрам ослабнува, а со тоа што ослабнува тој автомастки повлекува и слабеење на оската на злото и  на останатите ромски коалициони партнери на ДПМНЕ па и на самиот  ДПМНЕ, гласовите кој се собраа на контото на СДСМ на овие избори се јасен идинкатор дека времето на Амдизација на  Ромите ја носат брзите води према водопадите .

Се чини дека крајот на неговите приказни од типот на адио бурлески  ќе биде на локалните избори планирани  во годината која доаѓа,картонот со опомена го доби на овие избори а црвениот тек предстои на локалните избори, пред  се од тие кои плаќат легален рекет за легализација на своите  куќи кои наместо едно евро по квадратен  метар плаќат десетици или стотици пати повисоки цени.Во  Шутка законот е ист како законот во Тексас   односно во превод законот на силата законот на појакиот, неистомислениците се стават во паноа на резил, и таргет  цел на стрелање  додека не го достигне  дното на животот.

Е, « нече мочи ове ночи »цартсвото што го изгради полека но сигурно се руши како кула од карти.

Во блиска иднина нема да има само промена на политичари туку промена на политиката во целина.

Нас ни треба  политика на самосвест, храброст и политика која ќе  ги  брани националните интереси.Политика која нема да се  плаши од народот ниту народот од политиката.Политика  во која ќе живеат  од својата школска  професионалност од својата работа а не според партиска книшка, според закани, терор и угнетувања, политика која нема да има модернизирано легално ропство од страна на само именувани војводи, шерифи, господари и само крунисани цареви

Шансата е блиска, после  следниве  избори никој нема да има право на рекламација.

 

Мозес Соломон   (Мухаџер Сулејман)

Chitingen li akava?

Vavilonakiri kula

E Vavilonakiri  kula trujal i Biblija sa thamarin taro Noeskere potomcija kola so shurukergje te …

Autokratija jali Demokratija ?

Anglo savo alusaribe si mukle o dizutne tari komuna Shuto Orizari? So ikerela adaja turlija …