Tuesday , October 24 2017

Експлозија во близина на фудбалски стадион во Истанбул, најмалаку 20 повредени

Најмалку 20 полицајци се повредени во експлозија што се случи вечерва во близина на фудбалски стадион во Истанбул.

Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу изјави дека експлодирал автомобил бомба поставен пред стадионот, во центарот на градот. Според Министерот, автомобилот бомба бил насочен конкретно кон полицијата.

„Се претпоставува дека станува збор за автомобил бомба на местото каде што се наоѓаа нашите специјални полициски сили веднаш по натпреварот, на излезот за навивачите на Бурсаспор. Експлозијата се случила откако навивачите си заминале“, изјави Сојлу.

Бурсаспор на Твитер објави дека нема информации за повредени навивачи на овој клуб. Локалните медиуми јавуваат дека навивачите веќе си биле разотидени.

Засега нема информации за загинати лица. „Немаме информации за број на жртви. Се надеваме дека нема да има“ изјави Сојлу. Полиција и амбулантни возила се на местото на инцидентот, а веќе се појавија видео снимки на кои се гледа како гори оган надвор од стадионот.

Експлозијата се случува два часа по фудбалскиот натпревар на Водафон арената, помеѓу Бешикташ и Бурсаспор, двата најдобри турски тимови.

Chitingen li akava?

Rusko TV čheren mujal kandidatka bašo Putin ko prezidentska alusariba.(VIDEO)

Pendzardi Rusko televizisko legarutni  thaj žurnalistka Ksenija Sobčak kova isila 35 berš havlarga kaj ka …

Kanuni ki Germanija:Taro 01.01.2018-to ka šaj kerelpe buti ki Germanija bizo EU pasoši?

Ko socijalna networkija šhurakerga te spodelinenpe informacije kova so dela umuti e dzijane keda si …