Tuesday , August 22 2017

Здружение РОМА С.О.С. – Прилеп – Јавна дискусија( Видео)

Здружение РОМА С.О.С. – Прилеп

– Јавна дискусија

Склучувањето брак, како и живеењето во неформална заедница помеѓу и со лица под 18 години, како појава може да се забележи години наназад, при што директно се нарушува процесот на образование на малолетниците, се ограничуваат можностите за нивна општествена интеграција, се предизвикува опасност од здравствени нарушувања и се создава родова нееднаквост. Притоа се користат повеќе различни термини како: малолетнички бракови, рани бракови и т.н., но бидејќи според Конвенцијата за правата на детето на ОН „дете е секое лице кое не наполнило 18 години“, имајќи ја во предвид возрасната граница, терминот детски бракови е одбран да се користи како најсоодветен.

Генералниот проблем во оценувањето на распространетоста на детските бракови е тоа што многу од нив не се регистрирани и не се официјални, па затоа не се смета како дел од стандардниот систем за собирање податоци. Во моментов постои сериозен недостиг од аналитички и статистички информации за сите аспекти. Многу често детските бракови, особено помеѓу ромската популација, се гледаат како дел од традицијата за одредени социјални групи и истите не се соодветно санкционирани, а уште малку превенирани.

Прашањето на детски бракови скоро никогаш не било поставувано како приоритет за  делување, но со оглед на последиците што ги остава врз развојот на децата (сиромаштија, семејно насилство, неообразованост, рана бременост) потребно е да се дејствува во насока на негово решавање, имајќи ги во предвид следните извори на информации:

 

  • Мулти-индикаторското кластерско истражување спроведено од УНИЦЕФ во 2011 година, според кое бројот на млади девојки на возраст од 15-19 години кои стапиле во брак или живеат во заедница на национално ниво е 4%, кај албанците е 6%, кај македонците е 2%, додека во ромските населби тој изнесува 22%. Понатаму, бројот на млади жени на возраст од 15-19 години кои родиле или се моментално бремени на национално ниво изнесува 3%, додека во ромските населби тој е 18%,
  • Државниот завод за статистика за периодот 2011/2014 година илустрира тенденција на намалување на бројот на склучени (формални) бракови помеѓу лица под 20 години (по години: 236, 208, 185 и 158).
  • Министерот за труд и социјална политика по повод Меѓународниот ден на женското дете во 2012 година изјави……од 14 илјади бракови, колку што годишно се склучуваат во Македонија, 13% се помеѓу лица под 18 години и тоа во најголем дел склучени со малолетни девојки од ромската заедница…..

 

Здружението РОМА С.О.С. со цел да ја истражи подетално појавата и начинот на кој се перцепираат ваквите случаи од страна на различните вклучени страни, и кои постапки се превземаат за истото, спороведе истражување во општина Прилеп во периодот јули – декември 2015 при што ги примени следните медтоди:

 

  • Правна анализа

– деск-топ истражување

  • Квалитативна анализа

– 13 Барања за информации од јавен карактер до надлежни институции

  • Квантитативна анализа

– 15 Интервјуа со засегнати институции

– 2 Фокус групи со ромска заедница (родители и млади Роми)

 

Како резултат, подготвена е Студија на случај “Сивата зона помеѓу традицијата и правата на децата” во која се илустрирани следните заклучоци:

 

  • Бракот помеѓу и со лице под 18-годишна возраст претставува повреда на правата на децата – го нарушува процесот на образование, ги ограничува можностите и може да предизвика здравствени нарушувања, како и родова нееднаквост,
  • Заедничка заложба и координација помеѓу државните институции сè уште недостасува во справување со прашањето од различни аспекти, а особено заради отсуството на официјални податоци за состојбата,
  • Недостасува разбирање на појавата во контекст на човековите права,  недостасуваат протоколи за постапување и интерен однос на надлежните институции, а постои стравот од стигматизација на  одредена група,
  • Принципот “она што не е казниво, тоа е дозволено”, како и “тоа е традиција каде ние не се мешаме” дозволува вонбрачна заедница меѓу и со лицата со полни 16 години, се применува како правно оправдување за оваа штетна практика како од институциите така и од заедниците.

 

Врз основа на истото се препорачани следните промени:

 

  • Хармонизирање на постојното законодавство со цел експлицитно да се осигура дека минималната законска возраст е 18 години за едно лице да живее во брачна заедница:
  • Закон за семејство – да се забрани живеењето на малолетници во вонбрачни заедници, и да се осигура дека браковите под 18-годишна возраст се дозволени единствено во исклучителни случаеви со судска одлука и кога се во најдобар интерес на детето, придружено со напори за строго контролирано добивње на стручно мислење.
  • Кривичен законик – да се помести горната граница од 16 на 18 години  за да надлежните институции усогласено дејствуваат и преземаат мерки по пријавените случаи како кривични делo.

 

  • Воведување на институционален систем за евиденција и следење на бракови меѓу и со лица помлади од 18 години:

–  Закон за средно образование – да се прошири Збирката на податоци со што ќе се вклучи евиденција на состојбите на ризик на децата, особено во однос на брачните и вонбрачни заедници. Притоа училиштето ќе го известува Центарот за социјални работи кој потоа ќе презема мерки и активности согласно Законот за заштита на децата и ќе ги вклучи МВР односно ОЈО во понатамошно постапување.

 

  • Развивање на посебна програма за заштита и спречување од брачна заедница под 18 години:
  • Координирана акција помеѓу централните, локалните институции и здруженија за подготовка на дата-база на податоци, размена на податоците и соодветно постапување на сите засегнати страни,
  • Спроведување на кампањи и обуки кои ќе ја сензибилизираат јавноста и професионалците, како и ке обезбеди разбирање на проблемот во контекст на човековите права.

 

Во контекст на третата препорака, денес се организираше јавна дискусија, во партнерство со здружението ЛИЛ од Скопје, во хотел Карпош, на која во присуство на претставници од ОЈО, ЦСР, средни општински училишта, одделение за гинекологија и акушерство, ЕЛС-Ѓорче Петров, МВР, и ромската заедница од општина Ѓорче Петров, беше презентирана Студијата на случај и дискутирана во насока на потврда или негација на довиените заклучоци и препораки. Сите присутни се сгласија со добиените сознанија од РОМА С.О.С. и притоа искажаа подготовка за подршка на барањата до донесувачите на одлуки, кога за истото ќе се создадат услови.

Кампањата е поддржана од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и правниот консултант Цветанка Иванова кои покрај Несиме Салиоска, извршна директорка на здружението РОМА С.О.С., дадоа свое излагање за појавата и интересот при надминување на идентификуваните правни празнини во насока на заштита на правата на децата како потреба од клучно значење на сите граѓани во Македонија, и посебно на Ромите.

Оваа е прва од планираните шест дискусии во текот на месец Октомври низ шест општини во Македонија (Ѓорче Петров, Битола, Шуто Оризари, Куманово, Штип и Прилеп).

Chitingen li akava?

Avdive ikerel pe i konferencia anavkerdi sar Šunen amen – Den amen antvorto an i organizacia taro o IRU thaj o RBICM

An o kerde aktivitetia e Romane Biznis Informativno Centro – RBICM thaj Internacionalno Romane Uniake …

Avgo tribina ki komuna Šuto Orizari, sebepi o bukjarnipe tari Romani dzuvli

O khedipe e dzuvlengoro  „ŽGI Antiko“ ko barabar buti keribe e organizacijaja „Care“ tari Germanija …