Sunday , February 19 2017

ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,9 СТЕПЕНИ И ЦУНАМИ ГО ПОГОДИЈА НОВ ЗЕЛАНД( Видео)

Две лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,9 по Рихтер, кој во ноќта неделата кон понеделникот по локално време го погоди Нов Зеланд, изјави премиерот Џон Ки додавајќи дека испраќа воен хеликоптер во крајбрежното туристичко место Каикурa.

„Немаме никакви знаци во овој момент дека бројките (на жртвите -з.р.) ќе растат, но тоа не можеме да го исклучиме“, изјави новозеландскиот премиер Џон Ки за новинарите во главниот град Велингтон.

 

Додаде дека воен хеликоптер е упатен во Каикурa, туристичко место кое се наоѓа во близина на епицентарот на потресот, кој е регистриран стотина километри во северна насока од Кристчерч.

tsunamiНовозеландското министерство за цивилна заштита и вонредни ситуации (MCDEM) на Twitter објави предупредување на цунами, објавено по земјотресот, и тоа сé уште е на сила, и го предупреди населението да се држи подалеку од крајбрежјето.

Првиот бран на цунамито кое се јави по земјотресот и бил со височина од околу два метра ја заплисна областа во близина Каикура и Велингтон, а жителите се евакуираа на повисоките области.

Почвата на Нов Зеланд уште се тресе, пренесуваат медиумите. Портпаролот на градската управа на Велингтон, Ричард Меклин изјави дека жителите од крајбрежните области се повлекуваат кон повисоките делови. Според него примени се извештаи за доста големи штети, особено на повисоките катови од повеќатниците, како и на мостовите и автопатите.

Chitingen li akava?

Tramp: I Amerika nane pobuter te rušinen o režim thaj o vlade,vaktitano baši stabilnost.

Ka uniština i Islamsko Država uedno ka vodinamen prema nevi avrisutni politika koja konečno siklola …

Германската полиција доби моќен тјуниран автомобил

Германската полиција доби нова опасна играчка – тјуниран Ford Mustang V8 GT што ќе се …