Saturday , April 29 2017

Ибрахим Ибрахими ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика

Од денеска согласно член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија од јули 2016 година, заменик-министер во Министерството за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими ја презема надлежноста, односно ја врши функцијата министер за труд и социјална политика, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Ибрахими е роден во Гостивар 1967 година и е дипломиран економист. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а во моментов е на постдипломски студии по сметоководство и ревизија, како и на постдипломски студии по политички науки на Универзитет на Југоисточна Европа воТетово.
Ибрахим– На 29 јули 2011 година избран е за заменик министер за труд и социјална политика, а од 2008 до 2011 ја извршува функцијата заменик министер во Министерството за правда. Во периодот од 2007-2008 работи како советник во Министерство за труд и социјална политика. Од 2004 до 2006 бил проект менаџер во Европски центар за малцински прашања, а во периодот од 2001 до 2004 програмски координатор на проект Ромаверзитас во Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија. Во периодот 2000-2001 година е шеф на сметководство во Фатина – Гостивар, се вели во соопштението.

Ибрахими е автор на брошурата „практичен водич за невладини организации за ДДВ”, како и на извештајот на Советот на Европа “Вработувањето и социјалните бенефиции за Ромите во Македонија” (2002), на извештајот на Советот на Европа “Вработување, развојни политики и имплементација”.

Говори англиски, турски, албански јазик, француски јазик (пасивно) и српски јазик.

Chitingen li akava?

Nevi atmosfersko kanalizacija ko drom Indira Gandi ko Šuto Orizari ( Foto+Video)

Taro Erati šurukergja i rekonstrukcija taro drom Indira Gandi tari raskrsnica kote so ulavelape o …

Kaste isi majbare šanse te ovel avutno dizjakoro šerutno an i komuna Šuto Orizari

I politikani kriza an i Makedonia panda si bizo agor. O planirime aktivitetia thaj lokalno …