Tuesday , January 17 2017

Изборот наш насушен !!!

Изборот наш насушен !!!

Секој ден изборите се се поблиску, а јас и понатаму очекувам од до вчерашниот ми мил пријател Сдсмовко на мене како негов неписмен пријател воедно и неук да објасни што све ми нуди да му бидам верен до гроба. И одеднаш све исплива на површина сите гомненици од фекаланата канализација ја поплавија мермерната улица „Обечање лудо радовање“ Да му се плукнам,таман помислив ќе се средат работите и ќе почне да тече мед и млеко кога одеднаш од ветуваниот извор потече горчлива изматена вода.

Ок, да ја оставиме иронијата на страна, и не ние до смеење по сето ова време бдеење на скоро сите портали медиуми весници во очекување на листите на кандидати за пратеници од коалицијата за „Имаме план за живот во Македонија „ останавме со зинати усти, се што беше ветено уште пред стартот на изборите се претвори во“ фатаморгана“.

%d0%bb%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b82

“Двајцата ромски преставници од опозицијата Самка Ибраимовски од ромската политичка партија ПЦЕР го нема на ниту една листа иако во листата за кандидати за пратеници на ИЕ за кој овие кандидати претендират има 6 празни места, 3 места во ИЕ 2 и 3 места во ИЕ 3 Ибраимовски се уште не фигурира во ниту една од овие листи.

Кај поголемиот дел од членството на ова партија владее големо незадоволство.Своето незадовослтво како и непочитувањето на договорот на СДСМ кон ова партија денеска го иразија со соопштение до јавноста во која апелират до сите граѓани од ромска национална припадност за бојкот на престојните избори кои ќе се одржат на 11 декември 2016 година,поради обезвредувањето на нивниот лидер кој заедно со коалицијата максимално се залагаше за промените кои СДСМ ги наговестувал и ветувал.

Вториот ромски пртетендет за пратеник за во СО на Република Македонија член на СДСМ и председател на општинскиот огранок на СДСМ во Шуто Оризари Куцо Дудуш е во ИЕ 2 по реден број 7, иако на почетокот кога се формирал општинскиот огранок на ова партија му било ветено 4-от реден број што во ИЕ 2 носи голема можност како добитен реден број од причина што неговиот политички конкурент од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Амди Бајрам веќе неколку годни наназад се наоѓа на својот традиционален 5-ти ред на листата на кандидати за пратеник,што буквално значи пораз на Дудуш но и пораз на СДСМ во ИЕ 2 која традиционално најмногу се очекува победата да ја носат оние за кој ќе гласа ромскиот електорат.

Симпатизирите како и неговите подржувачи за кој Дудуш смета на најмалку 3000 до 3500 илјади гласачи можеби ќе го следат истиот пример како и со ПЦЕР или бојкот на изборите или е можна коалиција на ПЦЕР со гласачкото тело на Дудуш Куцо за кој волја на вистината нема да му биде лесно на ниту еден предентенд за пратеничко место во ИЕ 2.

Доколку нема некои други математики, во овие „Шарам барам“ избори, тогаш се се сведува дека и овој пат како и многу пати досега илузионистичките пароли од типот „заедно ќе ја градиме Македонија“ ,“за подобро утре“ и така натаму изветруват од релноста во носењето на одлуките и креирањето на листите од страна на Радмила Шекеринска но и аминот на Зоран Заев, кој доведе до незадоволство и кај самите симпатизери и партиски членови и на ех пратеници који ја сочинуваа парламентраната група на СДСМ. Овој дел на ова бескрајна серија сапуница која се карактеризира со непостојан класичен расплет, односно неограничено траење на број на епизоди,ќе заврши со „Дај ми, да ти дадам“

Мозес Соломон (Мухаџер Сулејман)

Chitingen li akava?

Oficialno taro paraštuj an o nevo Parlamenti an i R.Makedonia thaj o duj romane deputatia Amdi Bajram taro SRM thaj o Kurto Duduš taro SDSM

Amdi Bajram taro SRM so si an i koalicia e VMRO DPMNE-a thaj o Kurto …

Како до нова влада – Заедничка програма или делење функции?

На внимателност и трпеливост повикаат дел аналитичари за формирањето на идната влада. Според нив, поради …