Thursday , August 24 2017

КОИ СЕ РОМСКИТЕ ЛИДЕРИ СЛУГИТЕ НА ВМРО – ДПМНЕ ?

Нашата судбина сами си ја кроиме давајќи ги нашите гласови на луѓето који имаат самo една цел, a таа e како да се збогатат на наша сметка

Европа со години наназад спрема стратегија, издвојува пари за искоренување на сиромаштијата како и едукација на ромските деца,
нивно домување и запослување, но таа или не сака или не гледа дека
тие инвестиции државните органи ги користат за свои лични интереси.
И денеска поради својата економско политичка состојба
Ромите и понатаму талкаат барајки спас во другите европски држави.

Во Република Македонија , Ромите имаат можност да се образуваат на својот мајчин јазик, да ја развиваат својата култура и традиции, да гласаат за своите партии и кандидати, и да бидат претставени во сите институции на државата, барем така налага Уставот на Република Македонија која во стварност не коренспондира со пишаното правило.
Овој етникум никогаш не кренал глас против власта, секогаш трпел секакви иториски насилства , злосторства и геноцид, а за правата кои ги ужива во ова држава и самите не знаат што да прават, тое исто како да имат можност да се патува секаде низ светот , но немат можност тие патувања да се реализират односно да ги плаќат, поради големата сироштија која ја погаѓа баш ова етничка група и од постојаните партиски владини административни блокади.
Велиме имаме( имавме ) свои преставници во извршната и законодавната власт,имаме и директори на јавни претпријатија и државни агенции но што имаме ние обичните доколку не сме лојални на нивните политички партии односно лојални на владејачката врхушка.
Најголемите виновници за хаотичната економска социјална политичка состојба на Ромите се токму ромските политички лидери кои личниот материјален интерес го имат ставено пред националниот интерес односно грижа за својот електорат.
Амди Бајрам лидер на ромската политичка партија на СРМ и пратеник во Собранието на Репулика Македонија
Поранешен и сегашен бизнисмен и тотализиран аналфабет,полуписмен продавач на фармерки од скопскиот Бит Пазар, момче кој во крилата на транзицијата и ромското прашање се има фатено за пратенички мандат и на затворска казна во врска со обележеното богаство.Тој човек е доктор на популистички марифетлуци ,и е еден од оние кои ги мрсат политичките и другите рачуни на учените Роми.Филозофијата на Бајрам во политичката пракса е проста исто како и неговото изразување, вреќа брашно,килограм шеќер и јавна журка со фолк музика и пиво се „сто два кома три посто„ негови вечни изборни аргументи меѓу бирачите во Шутка.ОПЕР порано додека беше во опозиција го осудува дека е организатор на групни патувања на Ромите од Македонија во ЕУ како баратели на азил.Човек кој има сопствена дефиниција за именувањето на Ромите со таков погрден збор кој се коси со историските факти на преносливоста на самиот збор циган.Заедно со неговиот син Елвис Бајрам кој е градоначалник во општината Шуто Оризари купуват плацеви каде потоа градат индивидуални куќи и дуќани.Општината ја претворија во општина каде правдата е во рацете на фамилијата Бајрам, секој неистомисленик може горко да се покае дколку се противат на нивното владеење .
Неждет Мустафа лидер на ромската политичка партија ОПЕР министер без ресор во владата на Груевски и кординатор на Декадата 2005 -2015
Сопственик на ромската ТВ Шутел кој ја користи за сопствени интереси иако би требала да биде сервис на граѓаните, итра лисица политички надарен и корумпиран.Во 1998 станува прв градоначалник на општината Шуто Оризари.Во времето на косовската бегалска криза стотици иљади марки се прелеват во општината преку разни странски владини оганизации како помош на ромските бегалци од Косово. Со помош на НАТО силите во тоа време стационирани во Македонија гради спортско рекреативен центар кој за жал не ги исполни очекивањата на донаторите и тие ги повлекуваат останатите проекти наменети за општината.По завршување на бегалската криза,се преселува во ново изградената куќа во близина на ОУ.„Браќа Рамиз и Хамид“во населбата Шуто Оризари.
Местото каде е изградена неговата приватна куќа во која е сместена и неговата приватна ТВ е узурпирана и ден денес се води спор околу местото. Целокупната електрична иснталација е направена од електро фирмата која го доби тендерот во Шуто Оризари за одржување на уличното осветление. Неговата куќа во тоа време била проценета на 200,000 германски марки.
Иако важи за зрел политичар, и во однос на Амди тој е стабилна
личност, интелектуалец,ако може така да се каже затоа што академската диплома од филолошкиот факултет ја доби во времето кога бил градоначалник под сомнителни околности преку неговот пријател професорот по етика од професорот Темков.
Но кога станува збор за лични интереси тогаш и двајцата се еднакви, се надмудруваат кој повеќе ќе стекне профит врз грбот на народот кои тие го преставуваат, Народ кој живее на работ на егзистенција, Народ кои ги избраа да најдат решениа за нивните проблеми.Увидувајќи дека му бега политичкото тло во Македонија успева да стане член на една турско ромска Фондација БАРОМ за кој се бори да направи Балкански Унија на БАРОМ со кој лично ќе раководи , поточно со материјалните срества на фондацијата .Тој некако успева да ги надмудри своите партнери од БАРОМ за најамнина на простор и седиште на ова Фондација во центарот на Скопје каде тој потоа го преуредува во еден модерен ресторан, а седиштето на фондацијата ја сместува во својата приватна куќа во населбата Шуто Оризари,воедно станува и сопственик на неколку плацеви на индустриската зона на улица Словенија во близина на поранешниот скопски отпад.

На ЕУ парламентарците по наредба на својот шеф Никола Груевски даваат сосема поинаква слика за состојбата на Ромите, а од друга страна ЕУ парламентарците ги тапкаат по рамена за сторените промени во однос на човековите права и слободи.

На Груевски сето тоа му одговара, тоа му е како кец во покер, нему му требаат гласовите на Ромите а нив му ги носат токму овие политичари и со закани силеџиство и поткупување на гласовите.

Мора да се слуша шефот во спротинов лесно може да ги потегне за уши и да им одржи родителски совет, или недај боже, затворот „Идризово“ е реновиран и спремен да прими многу такви нелојални политичари.

Шабан Салију председател на ромската политчка партија ДСР и директор на агенцијарта за заштита и спасување од елементарни непогоди
ДСР е коалиционен партнер на ВМРО -ДПМНЕ и на овие избори ќе ја повторно ќе ја подржи владејачката партија за да остане на директорското место кое му овозможува работен опстанок на дел од неговата фамилија, на сопругата која е раководител во МТСП и башка советник во градското собрание на Скопје,нивниете месечни примања изнесуват приближно околу 3000 евра.
Фамилијата Салију е вработена и во Владата во секторот за рамковниот договор, генерални секретари во неколку оделенија, братучети роднини и блиски пријатели повеќе до 25 лица.
И сега кога добро ја свативме неговата материјална добивка од владеењето на ова гарнитура
како и неговото лицемерно однесување кон ромскиот народ кој со полна уста вели дека направиле повеќе одтколку што се очекивало од нив, кога вели за нив сигурно мисли на својата фамилија деца сопруга внуци роднини и блиски пријатели. Шабан има и афери со донацијата од Шпанија за авионите кои се наменети за гасење на пожари и останати донации од странски влади наменети за неговата дирекција.
Шабан гради вила на Водно иако не се знае потеклото на парите со кој го има купено плацот и изградбата на вилата, познато е дека многу вулгарно се однесува со своите соработници и партиски членови, во неговите изрази не изостануват мајки, деца жени и така натаму.Каде и дасе појави вели дека неговата партија е најголемата ромска политичка партија која во секое време на секоја изборна единица може д собере 7000 гласови,очигледно математката му е лоша .
Подршка на овие избори на ВРMО -ДПМНЕ ќе дадат шест ромски политички партии:
1.Сојузот на ромите од Македонија
2.Партија за интеграција на Ромите
3.Демократски сили на Ромите
4.Обединета партија за еднаквост на Ромите
5.Демократска партија на Ромите
6.Роми обединети од Македонија
Сите овие партии ќе се залагат повторно да бидат победници на овие избори со својот голем коалиционен партнер ВМРО ДПМНЕ со тоа што како и досега состојбата на Ромите во Македонија ќе остане на иста статус кво состојба.

Доколку сакаме промени на нашата состојба треба да одлучиме САКАМЕ ИЛИ НЕ НАШИТЕ ДЕЦА ДА НЕ БИДАТ ЗАВИСНИ ОД ПАРТИСКА ПРИВРЗАНОСТ САКАМЕ ЛИ ДА БИДЕМЕ ЕДНАКВИ МЕЃУ ЕДНАКВИТЕ САКАМЕ ЛИ ДА НИ СЕ СУДИ ПОРАДИ НАШАТА РАСНА ПРИПАДНОСТ ИЛИ СПОРЕД НАШИТЕ ГРЕШКИ САКАМЕ ЛИ ДА ГИ ИМАМЕ ПРАВАТА НА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ ВО И НАДВОР ОД ГРАНИЦИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ИЛИ ПОВТОРНО ДА СЕ СУОЧИМЕ СО РАСНА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА ДРЖАВНИТЕ ГРАНИЦИ
НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ ЗА НАШАТА И ИДНИНАТА НА НАШИТЕ ДЕЦА

Мозес Соломон ( Сулејман Мухаџер)

Chitingen li akava?

Soske nae Rom ko majučzo rakovodstvo ko Sdsm koga isi sa o etnikumija !?(Kolumna)

Angleder nekobor divesa ko Sdsm  sine birime o centralno pretsedatelstvo sar thaj Izvršno odbori. Ki …

Shaj li i vizija te ovel chachipa

I vizija si kotor, amare gndipaskoro kaj ko avutnipa ka ovel agjar sar so dikaja …