Tuesday , August 22 2017

КОМЕМОРАЦИЈА Есма Реџепова-Теодосиевска доби почесно место во легендите

Со комеморација во Градското Собрание и беше оддадена последна почит на легендарната Есма Реџепова-Теодосиевска. Голем број пријатели, колеги и поддржувачи на ликот и делото на кралицата на ромската музика се запишаа во книгата на жалост. Истакнаа, Есма беше амбасадор на македонската музика и култура во светот и голем хуманист.
комеморација
 Амбасадор на македонската култура, глас кој ги топлеше срцата – колегите и пријателите се простија од кралицата на ромската музика. Велат, Есма Реџепова доби почесно место во легендите.

„Пеејќи во фустан од македонско знаме таа покажа колку ја љуби македонската земја и ја носи традицијата на македонскиот и ромскиот народ, кој како трепет е прелеан низ звуците што се шират. Кога настапуваше на сцената и на турнеите, Есма не беше само извонреден глас, туку беше вљубеник во својата земја за која говореше на сите средби со новинарите, амбасадорите, политичарите, публиката“, изјави музичарот Зоран Џорлев.

Во Градското Собрание е отворена книга на жалост. Во неа се потпиша и претседателот Иванов. Голем број пријатели, поддржувачи на Есма Реџепова ѝ оддадоа последна почит.

„Кралицата на македонската песна и икона на македонското музичкото музичко поднебје живееше со репутацијата на светски уметник со импозантна кариера која траеше цели 55 години. Повеќе од 8 илјади концерти, настапи на преку 15 јазици, издадени преку 60 албуми- ова се основните контури на уникатноста поради кои Есма Теодосиевска беше единствена“, истакна министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска.

За мисијата, врвен уметник и културен амбасадор на државата, е одликувана и со „Орден за заслуги на Македонија“. Ја доби и престижната титула „Национален уметник“. Градоначалникот на Скопје вели, освен на музиката, Есма беше кралица и на хуманоста.

„Тоа е уметник кој што не случајно ја доби државната награда, два пати беше номинирана за Нобеловец, а не може секој да биде номиниран за Нобеловец. Затоа можам со голема тага да кажам дека изгубивме еден голем човек“, рече градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

По кратко и тешко боледување, Есма Реџепова почина на 73 години.

Chitingen li akava?

Roma tari Bugarija rovenape taro medicinsko itno arka!!!(VIDEO)

Roma tari diz “Purani Zagora”,bangarena e ekipa tari medicinsko itno arka, kova so nakle ambulantno …

Ki Bugarija Romenge i kafa 2.50 leva, a javerenge 1.10 leva !!!(VIDEO)

Kafiči ko than ki Peštera Bugarija  birinela pe klijenten thaj dena len poevtino meni, e …