Tuesday , August 22 2017

КРВАВ ПИР ВО ЛОНДОН: Расечени луѓе на улиците, полицијата се бори да ги спаси (ВИДЕО/ВО ЖИВО)

Бројот на жртвите од шест, се искачи на седум, а бројот на повредени и над педесет лица. Нападот го извршија тројца мажи вооружени со мачети кои сакале буквално да ги колат луѓето на улица

Луѓе облеани во крв со исекотини на телата лежат на улица и на тротоар, додека полиција и лекари се обидуваат со вештачко дишење и прва помош да им ги спасат животите. Тоа се гледа на една од малкуте снимки што се појавија на социјалните мрежи набргу после синоќешниот напад во Лондон, каде, според новите сознанија, седуммина ги загубиле животит

Напаѓачи биле тројца мажи, вооружени со мачети, кои буквално сакале да ги колат луѓето на улица. Тие пристигнале со изнајмено комбе со кое прегазиле пешаци во близина на Лондонскиот мост, по што излегле од возилото и го почнале крвавиот пир.

Цел на нападот со мачетите им биле пабовите и ресатораните во Бороу маркет, каде во сабота навечер вообичаено има голем број луѓе. Први на удар се нашле луѓе на почетокот од Бороу маркет, при што самите гости во пабот почнале да фрлаат со шишиња и столчиња кон напаѓачите за да се одбранат.

Во нападот била повредена и жена полицаец, која се обидувала да им помогне на повредените. Таа била прободена во лицето од страна на еден од напаѓачите.

Полицијата пристигнала за осум минути од почетокот на нападот ги ликвидирала напаѓачите. Во крвавиот пир се повредени педесетина лица, а во пукањето еден од пешаците кој се нашол во вкрстен оган, бил застрелан во глава.

Одговорноста за нападот засега никој ја нема преземено. Но, според кажувањето на очевидците, напаѓачите, кои биле со медитеранско потекло, викале „Ова е за Алах“, додека го извршувале нападот. Тие на себе имале и лажни експлозивни појаси.

Лондонската полиција со силно вооружување е распоредена низ градот. Опасноста, како што беше кажано на последната прес-конференција, е намалена, но сè уште не целосно помината. Постојат стравувања за нови напади од сличен тип.

Портпаролката на лондонската полиција рече дека се распоредени засилени патроли низ градот, а воедно побара секој што ќе забележи сомнителни дејства, веднаш да пријави во полиција. Таа, воедно им се заблагодари на луѓето кои ги ризикувале сопствените животи и им се спротивставиле на напаѓачите.

teror_-_04.jpg

http://telegraf.mk/aktuelno/svet/ns-newsarticle-krvav-pir-vo-london-raseceni-luge-na-ulicite-policijata-se-bori-da-gi-spasi-videovo-zivo.nspx

Chitingen li akava?

O tate vaktija anena jaga na samo ki Makedonija, nego pobuvleste ki Europa da!!!

tate vaktija thaj o učhe temperature anena o jaga thaj o bi bahtalipe na samo …

„Šužo dekreti anga o Kim Jong Un“ vakerela Donald Tramp!!!

Prezidenti taro SAD, Donald Tramp vakerela kaj o lideri tari Severno Koreja Kim Jong Un …