Friday , March 24 2017

Митинг во Варшава за правата на Ромите

Во Варшава, Полска, од 19 септември до 30 септември, се одржа митинг во организација на ОБСЕ – Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР). Станува збор за Human Dimension Implementation Meeting – најголемиот настан посветен на човековите права и демократијата во Европа. Македонски претставник на овој настан беше младиот новинар и граѓански активист Сунаи Сабриоски, кој ни пренесува искуства од оваа значајна конференција.

-На овој високо дипломатски настан присуствуваа стотици делегати од земјите членки на ОБСЕ, како и претставници на други меѓународни организации, и други релевантни чинители  каде се разгледуваше имплементацијата на работата на државите членки на ОБСЕ со посебен акцент кон човековите права и нивното почитување. Целиот настан беше проследен од голем број медиуми од Европа, како и претставници на високата дипломатија на ЕУ и Делегацијата на САД. Беа споделени големи искуства и проблематики на кои се до сега се соочува секоја демократска држава задолжена за спроведување на почитувањето на човековите права – пренесува Сабриоски.

Меѓу другото, како што објаснува тој, покрај изнесување на проблематиките и механизмите за надминување на проблемот со непочитување на човековите права и нивното неспроведување, речиси секој делегат имал можност да изнесе одредена проблематика со која се соочува неговата држава, како и давање на препораки за понатаможно подобрување.

-Во делот за интервенција, каде секој делегат е временски ограничен со три минути, имав можност да говорам за Предвремените и присилни бракови кои претставуваат проблем за децата Роми да го комплетираат своето образование. Социјална тема која опфаќа голем број актери при прекршување на детските права и нивно не почитување особено во Македонија каде на оваа проблематика се гледа како дел од традицијата на Ромите па се допушта истата да бие третирана без посебна санкција а која согласно Кривичниот законик е кривично дело кога лице со ненавршени 16 години стапува во брак со полнолетно лице а за кое е предвидено казна затвор од три месеци до три години. Вториот момент е  кога малолетното лице стапува во брак со навршување 16 години а за кои надлежните институции ја даваат согласноста за формализирање на бракот без притоа да водат грижа за нивниот понатамошен тек на живот – особено за нивното  исклучување од образовниот систем и продолжување во дисфункционални семејства – објаснува Сабриоски.

Како што посочува тој, за таа цел препораките беа упатени до надлежните институции како што се: Центрите за социјални работи, Министерството за внатрешни работи, Основните јавни обвинителства, Основните судови и Министерството за образование кои треба сериозно да ја сфатат оваа проблематика и со еден сериозен  пристап да почнат истата да ја истражуваат на терен и за истата да понудат соодветни решенија. Од една страна да се започне со едукација на родителите и децата во посиромашните слоеви на населението, од друга страна министерствата за внатрешни работи заедно со основните јавни обвинителства да започнат една организирана акција за откривање и санкционирање на постоењето на вонбрачните заедници каде барем едното  лице е со ненавршени 16 години од животот и казнување не само на полнолетните лица кои живеат во ваква заедница туку и на родителите кои допуштиле ваквата заедница да постои, а додека надлежните институции кои дале согласност без притоа да водат евиденција за образованието на децата да бидат соодветно санкционирани.

-За ефикасно решавање на овој проблем потребна е една генерална стратегија која ќе ја изготват компетентни лица од различни области се со цел да имаме ефикасно и ефективно најпрво превенирање на ваквите појави, а потоа доколку се случат нивно санкционирање – додава Сабриоски.

Извор:  http://text.mk/miting-vo-varshava-za-pravata-na-romite/

 

Chitingen li akava?

Romano fudbaleri Emil Abaz (Intervju) bashi leskiri kariera!!!

Amari ekipa taro 24vakti angleder nekobor divesa sinelen intervju e Romane fudbalereja Emil Abaz o …

VIDEO STORIJA: Nasvaljiljum ki Germanija, ama akate ki Mk nae dzivdipe!!!!

Nasvaljiljum ki Germanija, ama akate ki Mk nae dzivdipe!!!! vakerele terno chavo savo so alo …