Sunday , February 19 2017

Нови легални можности за работа во Германија, но не и азил!

Државјаните на Албанија, Босна-Херцеговина, Косово, ПЈР Македонија, Црна Гора и Србија речиси и да немаат шанса да добијат статус на бегалец во Германија, бидејќи потекнуваат од безбедни земји. Оној што ќе влезе во Германија и таму ќе поднесе барање за азил и ќе чека да му биде одбиено барањетоза азил, мора да смета на забрана за повторен влез за подолг временски период во Германија и целата шенген-зона. Освен тоа, се заканува и насилно враќање!

Од 1 јануари 2016 г. за државјаните на овие држави ќе важат поедноставни правила за вработување.

Доколку досега не сте имале подолг престој во Германија од приватните посети, може да добиете работна виза за Германија доколку ги испочитувате следниве чекори:

Располагате со договор за образование од средна стручна подготовка или за вработување за работно место во Германија.

  • Вашиот иден работодавец се погрижи за вашата работна дозвола кај Центарот за работни места. Таму треба да се утврди:
    дека за слободното работно место не постои никој соодветен од Германија или од ЕУ.
  • Работните услови се исти како и за Германците. Особено, би требало да заработувате исто колку и некој Германец кој би ја вршел истата работа.

Дури кога Вашиот работодавец ги разјаснил овие прашања директно кај институциите во Германија и сите документи Ви бидат доставени, обратете се до Германската амбасада во Скопје за да поднесете барање за виза за работен престој. Сето тоа мора да го завршите пред да и се обратите на Амбасадата!
Подетални информации за постапката ќе може да се најдат на веб-страната на Амбасадата (од 2016 година).

Доколку веќе сте престојувале во Германија на обука или работа или сте имале поднесено барање за азил, мора да го информирате идниот работодавец во Германија за тоа. Во тој случај, тој дополнително мора да побара согласност од Управата за странци.

——————————
Немој да премолчувате дека сте престојувале во Германија. Тоа ќе се утврди во текот на визната постапка и како последица на премолчувањето Вашето барање ќе биде одбиено!

Доколку во минатото сте добиле парични или материјални надоместоци во Германија како барател на азил, ќе добиете работна дозвола најрано 24 месеци по Вашето враќање од Германија.

Доколку во Германија сте поднеле барање за азил во периодот од 1 јануари 2015 г. и 24 октомври 2015 г. и сѐ уште престојувате во Германија, може да ги користите овие олеснувања само ако ја напуштите Германија веднаш по објавувањето на новите правила. Барањето за азил треба да го повлечете. Истото ќе биде одбиено по Вашето излегување од Германија и ќе следи забрана за повторен влез.

При барање на слободни работни места може да се обратите:

  • Zentrale Auslands- und Fachvermittlung (ZAV) – Тел. 0049 228 713-1313.
  • Онлајн-берза за работни места при Сојузната агенција за вработување: http://www.jobboerse.arbeitsagentur.de

Соодветни информации може да најдете и на македонски јазик на веб-страницата на Сојузното министерство за труд и социјална политика на:http://www.bmas.de/DE/Presse/Meldungen/2015/arbeiten-in-deutschland

Chitingen li akava?

Tu šaj sa sar o Tane Kurtić – avgo dierkotir Rom an i jekh škola an o Leskovac

Tu šaj sa sar o Tane Kurtić – avgo dierkotir Rom an i jekh škola …

Baro IRU Kriseskoro proceso mujal o Dorin Čoaba, ko 15 januari 2017

Aso o IRU Statuto thaj anglutne lende aktivitetia an i konekcia ko phagiba e IRU …