Monday , March 27 2017

ОН: Под итно да се згрижат бремените Ромки под Кале

 

ОН: Под итно да се згрижат бремените Ромки под Кале

Комитетот на Обединетите нации за елиминација на дискриминација врз жените (ЦЕДАВ) ја повика македонската влада, под итно да обезбеди сместување и нега за две бремени жени Ромки, кои живеат под ведро небо под Скопско кале.

Од Европскиот центар за права на Ромите(ЕРРЦ ) кои ја поднеле жалбата до Комитетот во името на бремените жени,  потенцираат дека Ромите останале бездомници токму поради македонските власти. Од таму посочуваат дека со нивна одлука, педесетина Роми беа исселени од импровизираните куќи под Кале, во кои живееја повеќе од 10 години.

ОНТие потенцираат дека тие биле иселени без соодветна постапка или консултација и спротивно на меѓународните обврски што ги има Македонија во однос на инклузијата на Ромите.

Од Европскиот суд за човекови права пак,  добиле одлука да се покрене брза постапка за случајот на Ромите кои беа иселени од живеалиштата и да се испрати итно известување до македонската Влада.

Од ЕРРЦ  го поздравуваат брзиот одговор на Комитетот на ОН и велат дека внимателно ќе ги следат настаните за да видат дали македонските власти ќе реагираат на тоа.

http://fokus.mk/on-pod-itno-da-se-zgrizhat-bremenite-romki-pod-kale/

 

 

Chitingen li akava?

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ромите потомци на еден од племињата на Античкиот Изрел?

Ромите потомци на еден од племињата на Античкиот Изрел?  Јеремија 30:3 «Зошто еве  доаѓат денови …

Lizabet Biljali taro Kumanovo ko trito krugo ko ” Neke novi klinci” Grand produkcija

Lizaet Biljali taro Kumanovo kote soj tani unuka e pendzarde romane giljavutneske Erdzan Ameti khuvgja …