Tuesday , October 24 2017

Пораснав оној ден кога сфатив дека….

Пораснав оној ден кога сфатив дека не реагирам на жестоки дебати меѓу (да ми извинат) 2-3ца типични тинејџери на кој некој некогаш им кажал дека се паметни, па сега они мора да го поткрепуваат тој “фак(а) т-за животот на младите во Македонија, на пример.
Пораснав оној ден кога сфатив дека повеќе ми се свиѓа баничка со спанаќ него со месо/сирење;
Пораснав оној ден кога сфатив дека не се смеам на зафрканции на сметка на некоја сосема петта личност;
Пораснав оној ден кога сфатив дека повеќе сакам да се возам со јавен градски превоз од колку со кола;
Пораснав оној ден кога сфатив дека секогаш одбирам да ги занимавам децата кои ми дошле на гости на место да варам кафе;
Пораснав оној ден кога сфатив дека со стравовите треба да се соочиме не за да ни помине туку за да се чувствуваме по исполнете после добро завршената работа;
Пораснав оној ден кога сфатив дека всушност никој од никого не зависи туку тоа е само состојба на умот и тоа така треба да биде;
Пораснав оној ден кога сфатив дека престанав да трчам по автобуси колку и да доцнам некаде;
Пораснав оној ден кога сфатив дека најчистите срца и воедно најнапатени се возат во приватна 19ка;
Пораснав оној ден кога сфатив дека другарките сакаат да слушаат причини за втора шанса а не докази зошто не Он;
Пораснав оној ден кога сфатив дека во очите на луѓето пишува се само ако сакаш да прочиташ;
Пораснав оној ден кога сфатив дека мојот инстикт никогаш не ме излажал;
Пораснав оној ден кога сфатив дека меѓу Нутела и домашен мармалад го одбирам второто;
Пораснав оној ден кога сфатив дека повеќе не ги забележувам толпите народ на улиците во знак на протест поради тоа што сум се сконцентрирала на мајката што седи спроти мене во автобус и ја слуша ќерката додека и го чита расказот за есен;
Пораснав оној ден кога сфатив дека годините немаат врска со тоа што си се сменил ами срцето…
Кога им дозволуваме на емоциите да ни струјат меѓу пред коморите и коморите ни смекнува срцето и се претвораме во нешто ново, а такви Нови периоди во животот има онолку колку ние ќе дозволиме.

Автори: Пашија  Фејзула

Chitingen li akava?

Vavilonakiri kula

E Vavilonakiri  kula trujal i Biblija sa thamarin taro Noeskere potomcija kola so shurukergje te …

Autokratija jali Demokratija ?

Anglo savo alusaribe si mukle o dizutne tari komuna Shuto Orizari? So ikerela adaja turlija …