Tuesday , October 24 2017

Посветла иднина на Ромите: Во Македонија или надвор од Македонија

Ромскиот народ иако нема своја матична држава , ги има насекаде во светот.Ние имаме наша химна , знаме и богата традиција.Најголем број Роми се населени во европските држави.Ромскиот народ е трудољубив, весел,музиката им е во душата.Тие се надарен и снаодлив народ.
Во минатото, често поради немањето на доволно финански средства тие не биле во можнст да се школуваат, па морале да работат за да може да преживеат.Денес тоа е сменето, благодарение на стипендиите и бесплатните обуки за личен развој кои овозможуваат интеграција на Ромите во општеството.Но, дали со соодветното завршено образование завршуваат проблемите?Дали мисијата е успешно завршена? Што се случува потоа?
Системот во нашата држава е таков што доколку не си политичко-партиски определен/а, многу мали се шансите дека ќе успееш да се вработиш и изградиш кариера.И во еден таков момент согледуваш дека борбата не е завршена и на крајот на таков или онаков начин, единственото решение се сведува на тоа дека мора да се одбере една политичка страна и да се надеваш за работна позиција која ќе ти овозможи пристоен живот.Во споредба со роднините и пријателите кои живеат и работат во странство се воочува разликата во висината на платата и благодетите кои се нудат во развиените земји. Тука веќе настапува личното незадоволство и се повеќе млади Роми ја гледаат својата иднина во некоја од развиените земји.Свесни, дека во странство ќе ги остварат своите амбиции и побрзо ќе напредуваат се одлучуваат за заминување во некои од европските земји и тоа најчесто во еден правец. Ова се само мал дел од причините заради кои многу млади луѓе заминуваат од нашата држава.Тоа е веќе многу реална и нормална појава.
Според мое видување освен младите Роми, и повозрасните својата и иднината на своите деца ја гледаат како посигурна во западните свропски земји.
Велат најубаво е да си дома со своите, да продолжиш да живееш на местото каде што си пораснал, да се дружиш со другарите од детството, да го зборуваш својот мајчин јазик, но кога еден млад човек е спречен да ги реализира своите цели, патриотизмот полека умира и спасот го бараме надвор од Македонија.Ситуацијата во која се наоѓаме е сурова, но за жал многу вистинита.

 

Лоренса Демир

Студент по психологија на филозовски факултет- Скопје

 

Chitingen li akava?

Vavilonakiri kula

E Vavilonakiri  kula trujal i Biblija sa thamarin taro Noeskere potomcija kola so shurukergje te …

Autokratija jali Demokratija ?

Anglo savo alusaribe si mukle o dizutne tari komuna Shuto Orizari? So ikerela adaja turlija …