Wednesday , January 18 2017

Почна кампањата за предвремeните избори на 11-ти декември

Почна кампањата за предвремeните избори на 11-ти декември

На полноќ официјално стартуваше кампањата на партиите и коалициите кои ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември. Изборната кампања ќе трае 20 дена и ќе заврши на 9-ти декември на полноќ.

На изборите ќе учествуваат 11 политички субјекти: шест политички партии и пет коалиции со 58 листи на кандидати.

КампањатаИзборните активности официјално партиите ги започнуваат вечер и тоа Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има митинг во Охрид, Коалицијата предводена од СДСМ ќе има собир во Прилеп, ДУИ во Липково, ДПА во Студеничани, Коалицијата за промени и правда – Трет блок ќе има претставување на кандидатите и програмата, Либералната партија ќе ја почне кампањата со средба со граѓани во Скопје.

Во Избирачкиот список за декемвриските избори се запишани вкупно 1.784.524 лица со право на глас. За гласање во дијаспората ДИК ги прифати пријавите на вкупно 20.629 граѓани.

ѓани

Chitingen li akava?

-22 digrija šudro evend jali naglo sudripa ka izdrzina li ko akala uslovija?

So sa sine ki mk ko 2016 berš tikno posetibe Ko 2016 berš i Makedonija …

Peticija taro dizutne dzi JSP : Te iranelpe i themutni linija 19ka thaj 9 ka! ( Video)

Bizi anglohavljarin o JSP taro nevo berš čhinavgja e buseskere linie taro 19 thaj 9 …