Thursday , September 21 2017

Промоција на проектот Вработување на млади Роми

Центарот за економски анализи – ЦЕА Скопје во соработка со организациите Сумнал, Светла Иднина и Сонце, а поддржани од Делегацијата на Европската Унија во Македонија, го спроведуваат проектот Вработување на млади Роми, кој има за цел да го подобри пристапот на младите невработени Роми на пазарот на труд преку унапредување на вештините за вработување на младите невработени Роми, како и преку стекнување на практично работно искуство во граѓански организации или во бизнис секторот во таргетираните градови.

Врз основа на досегашните анализи на ЦЕА и партнерските организаии, Ромите како етничка заедница, се соочуваат со двојно повисока стапка на невработеност од онаа на не-ромското население. Стапката на невработеност кај Ромите е 53% додека кај не-ромското население стапката на невработеност е речиси половина т.е. 27% (во 2011). Кај женската популација стапката на невработеност е уште поизразена и тоа со 70% кај Ромките, а 35% кај жените не-Ромки.

За таа цел, денес, во просториите на Здружението Сумнал во Скопје, се одржа настан, преку кој се создаде можност за вмрежување на младите невработени Роми, , со компаниите кои работат во Скопје.

На настанот беа презентирани главните резултати и заклучоци од истражувањата и анализите кои беа спроведени во рамките на Проектот, а се однесуваат на пазарот на труд во Кочани, Тетово, Битола и Скопје. Компаниите имаа можност да ја презентираат својата работа, и да ги истакнат потребите кои ги имаат за следни вработувања, додека пак, невработените имаа можност да ги истакнат своите знаења, квалификации и вештини, и одблизу да се запознаат со условите за практиканство во компаниите. Исто така, на настанот беше презентирана и можноста невработените да се вклучат како практиканти во локалните организации, партнери на проектот Вработување на млади Роми.

Повеќе информавии за проектот можете да најдете на следниот линк: http://cea.org.mk/

Chitingen li akava?

Avdive ikerel pe i konferencia anavkerdi sar Šunen amen – Den amen antvorto an i organizacia taro o IRU thaj o RBICM

An o kerde aktivitetia e Romane Biznis Informativno Centro – RBICM thaj Internacionalno Romane Uniake …

Avgo tribina ki komuna Šuto Orizari, sebepi o bukjarnipe tari Romani dzuvli

O khedipe e dzuvlengoro  „ŽGI Antiko“ ko barabar buti keribe e organizacijaja „Care“ tari Germanija …