Tuesday , October 24 2017

Просперитетот на жените Ромки во Македонија

Во Република Македонија според пописот од 2002 година живеат околу  54.000 Роми  или 2.66 % од вкупното население. Во главниот град Скопје имаме ромска општина каде што има 2 основни и 1 средно училиште.

Ромското население во Македонија во однос  на религијата поголемиот број го сочинуваат муслимани.Мора да напоменам  исто така  дека  високата стапка на невработеност е присутна, но за разлика од минатото расте бројот на образовани млади луѓе кои ги рушат стереотипите и предрасудите за Ромите.

Во оваа група на образовани  луѓе, од голема значајност е тоа што спаѓаат и девојчиња Ромки кои  на долгорочен план размислуваат за својата иднина како да ја направат посветла и посигурна, а при тоа првиот чекор е запишувањето на додипломски студии.
Во Република Македонија има успешни жени Ромки со високи функции, но не се во голем број.Факт е дека без стекнато соодветно образование ниту една жена Ромка не може да просперира и да стекне важна улога во општеството.

За жал сеуште постојат конзервативни семејства , каде што првичната цел на младата Ромка е да се омажи во рана возраст од животот без да стекне некое звање кое ќе и овозможи да изгради своја кариера.

Недостатокот на образованието кај Ромите е последица, а истовремено и причина за тешката материјална положба во која се наоѓаат.

 Ајнаштајн рекол: „Не можеме да ги решиме проблемите со користење на истото размислување со кое сме ги создале“. Генерациите не треба да се прашуваат „Зошто јас?“, туку „Зошто да не?

Па оттука за да може жената Ромка да се интегрира во општеството, прво нешто што треба да се направи е да се искорени начинот на старо размислување(стапување во брак на рана возраст,прекинување на образовниот процес) и  да се усвои начинот на правилното размислување, а тоа ќе се постигне само преку инвестирање во самите нас т.е преку соодветна едукација.

Клучот е во наши раце!

Нашата позиција во светот зависи баш токму од нас.Според  мене едукацијата е моќна алатка , со која сите Ромки може да постигнат многу посакувани цели.

Развиената свест, упорноста и големата желба за напредување се клучните фактори за просперитетот на жената Ромка.

Јас сметам доколку младите Ромки  бидат академски образовани, сигурна сум дека вратите во секоја институција полесно ќе ни се отворат и ќе се зајакне капацитетот на Ромскиот идентитет.

Лоренса Демир

Студент на Филозовски факултет – Психологија

 

 

Chitingen li akava?

Kurto Duduš-Kuco: O kurko ki Šutka na phandelape, ka ačhol thaj ka ovel pošužo(VIDEO)

Erati ki tribina ikerdi taro SDSM ki Šutka o kandidati bašo dizjakoršherutno Kurto Duduš-Kuco vakerga …

Zaev ki komuna ŠO: Agorkerdo i sa baši Familija Bajram ki Šutka, Ka kera buti bašo jekhipe barabar sarinenge.(VIDEO)

Erati ki komuna Šuto Orizari vizitiringa e dizutnen thaj e sipmatizeren taro SDSM o lideri …