Tuesday , January 17 2017

Повик за работилници на невработени жени ромки

Повик за работилници на невработени жени ромки

РАЖМ Лулуди започнува со реализација на втората фаза од проектот ” Еднакви можности на Ромките за учество на пазарот на труд “, во партнерство со лидер организацијата ОРТ, финансиран од ЕУ.

Во втората фаза на проектот, ги покануваме сите невработени Ромки од 18 – 55 години од Скопје, да се пријават и да ги посетат воведните работилници (работилници за самозајакнување и мотивирање). По завршување на работилниците учесничките ќе имаат можност да посетуваат обуки за квалификација на некој од следните занаети: фризерска, маникир/педикир, кројачка/шивачка, графички и веб дизајн.

Работилниците ќе се одвиваат во просториите на Лулуди, Скопје.

Во прилог ви испраќаме повик и апликација за работилниците, како и линк од онлајн поставената апликација: https://docs.google.com/docum%d0%b6%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d1%80%d0%be%d0%bc%d0%ba%d0%b8ent/d/1weU0fetC0PdCn_-KTdAZHbJIhmVKar2yYWoNK9_03ig/edit.
Сите заинтересирани може да се пријават оналјн, може да дојдат лично во просториите на Лулуди (ул. Лазар Трповски бр.1-2/7, Топанско Поле, веднаш до гиманзијата Цветан Димов) или да не исконтактираат на 02/61 61 187, 070 726 187, секој работен ден од 10 – 17 часот.

Ве молиме проследете ја информацијата до вашите членови, пријатели и соработници со цел да дадеме повеќе можности на невработените.

Благодариме.

Со почит,
Тим на Лулуди

Chitingen li akava?

Analiza “Slikata za Romite vo Makedonskite mediumi “

Video tari promocija tari analiza savi sosi avgo ki Makedonija taro asavko karakter kote so …

Рома Индекс број 3