Saturday , June 24 2017

ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на Тутори

Здружението за поддршка на маргинализирани групи Ромски Ресурсен Центар – Скопје и Асоцијација за Демократски Развој на Ромите Сонце – Тетово го објавуваат Јавниот Оглас за ангажирање на тутори за реализација на туторска поддршка за ученици Роми кои учат во основно образование во Р.Македонија, за учебната 2016/17 учебна година. Здружението за поддршка на маргинализирани групи Ромски Ресурсен Центар – Скопје и Асоцијација за Демократски Развој на Ромите Сонце – Тетово во конзорциум составен од седум Ромски невладини организации во Р.Македонија го имплементираат проектот „Туторска поддршка на ученици Роми во основното образование во Р.Македонија“.   Проектот финансиски целосно е  поддржан од Ромскиот Образовен Фонд –Будимпешта. Министертвото за Образование и Наука на Р.Македонија исто така го поддржува проектот со вклучување на 20 локални медијатори во 16 општини во Р. Македонија.

Главна цел на проектот е да се придонесе кон зголемување на проодноста и образовните резултати кај учениците Роми кои учат во четврто, петто и шестто одделение во основното образование во Р.Македонија.

Во рамките на проектот ќе се обезбеди дополнителна образовна/туторска поддршка на 1745 ученици Роми во учебната 2016/2017 година кои покажуваат слаби образовни резултати а се вклучени во четврто, петто и шесто одделение на ниво на Р.Македонија. Дополнителна образовна/туторска поддршка ќе се обезбеди по предметите Мајчин Јазик (Македонски и Албански јазик) и Математика.

За потребите за реализација на туторската настава, Ромскиот Ресурсен Центар го објавува Јавниот Оглас за избор на вкупно 120 тутори во следните 18 општини/локации низ Р.Македонија: Шуто Оризари – Скопје, Чаир – Скопје, Ѓорче Петров – Скопје, Карпош – Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Делчево, Пехчево, с.Црник и Берово. Туторската настава ќе биде организирана и ќе се реализира во 49 основни училишта во 18 општини/локации  во Република Македонија.

По завршувањето на проектот на  секој тутор ќе му биде издадена потврда/сертификат за учество во реализацијата на туторската програма за ученици Роми.

tutorАнгажманот на туторите финансиски ќе биде покриен од страна на донаторот на проектот Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТИ ЗА ТУТОРИ

Право да се пријават за тутори имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните критериуми:

Да се студенти во втора, трета, четврта година на студирање, апсолвенти или дипломирани на                             акредитирани факултети во Република Македонија;

  1. Да се државјани на Република Македонија;
  2. Предност ќе имаат кандидатите со повисок среден успех од вкупниот број на положени испити;
  3. Дополнително предност ќе имаат кандидатите кои биле ангажирани како тутори во рамките на проектот „Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во основното образование во Република Македонија“ за учебната 2016/17 година од страна на: Здружение за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“  – Скопје и Асоцијација за Демократски Развој на Ромите „Сонце“ – Тетово.

 

  1. КАНДИТАТИТЕ ЗА ТУТОРИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ СЛЕДНИТЕ УСЛОВИ:
  2. Да се мотивирани за работа со деца од маргинализирани групи;
  3. Да имаат развиени вештини за работа со деца;
  4. Да поседуваат вештини за тимска работа;
  5. Да имаат развиени организациски способности;
  6. Да имаат високо ниво на одговорност.

 

  • ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
  1. Пријава за тутори (пријавата е прикачена заедно со јавниот повик);
  2. Професионална биографија (CV);
  3. Уверение за положени испити или принтана верзија од електронски индекс со оцени;
  4. Друга документација која кандидатот смета дека ќе му биде во прилог на апликацијата.

 

  1. НАЧИН И РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ:

 

Заинтересираните кандидати комплетната документација можат да ја достават препорачано по пошта на следната адреса:Ромски Ресурсен ЦентарУл. Виетнамска бр.7 – Шуто Оризари1000, Скопјеили електронски на следната е-маил адреса: tutorstvomakedonija@gmail.com Крајниот рок за доставување на пријави за тутори е 15.08.2016 (понеделник).

Ненавремената и некомплетната документација нема да се разгледува и истата нема да влезе во конкуренција со останатите пријави.

Chitingen li akava?

Obuka basho bukarnipe e terne romenge

  O centro bashi ekonomijakere analize (CEA) ko partnerstvo e organizacijaja “Sumnal” (zdruzhenie asocijacija za …

Seminari thaj obuke taro proekti anavkerdo “Media platforma baši zastapibe kote lela than thaj o 24vakti

Akava seminari ikerelape ko Veles ,kote so pocminga ko 19maj a agorkerela avdie ko 22 …