Sunday , October 22 2017

Јавна расправа:Како до поголема правна и институционална заштита од појавата „детски брак“?

Денес се одржа Јавна расправа во организација на здружението РОМА С.О.С. и канцелариите на УНИЦЕФ, УНФПА и НДИ, во Клубот на пратеници – Скопје, со цел да се одговори на пршањето Како до поголема правна и институционална заштита од појавата „детски брак“?
 
На Јавната расправа, покрај организаторите, говореа и Министерот без ресор Самка Ибраимоски, Министерката за труд и социјална политика – Мила Царовска, заменик-Министерот за правда Оливер Ристовски и Државниот секретар во Министерството за образовние и наука Анета Трпеска.
 
Присутни гости беа преставници од Министерството за здравство, Министерство за внатрешни работи, Државен просветен инспекторат, Државен совет за превенција на детско престапништво, Канцеларија на Народен правобранител, пратеници во Собранието на РМ, правни/судски практичари, преставници на национални и локални институции/установи како и невладини организации.
 
ЗАКЛУЧОК: Детските бракови се општествен феномен кој штетно влијае на животите на младите индивидуи. Притоа, децата кои сметаат дека љубовта е водечка сила во креирање на нивната иднина, нивните родители кои не знаат како да се справат со ваквото однесување, надлежните институции кои се ограничени во постапките, неинформирани навремено за случаите и несигурни како и до кого да пријават, создаваат  круг на повреди на правата,  дефинирани и во меѓународна и во национална законска регулатива. Oдговорноста за оваа појава е заедничка и сите сме должни да се насочиме кон намалување на нејзиниот број, кој сериозно се рефлектира кај девојчињата, но често се забележува и помеѓу момчињата. За проблемот се иницираше дискусија од ромските здруженија и со ромските заедници од причина што таму е најзастапен, но не и дека случаите, последиците или пречките единствено меѓу нив се забележуваат. Битно е да се создадат предуслови за нормално и хумано живеење за сите без разлика на припадноста, поради што и сме согласни да се превземат потребните државни заложби  и институционално да се регулира појавата, а со тоа да се обезбеди поголема заштита на детскиот интерес и просперитет.
 
 За таа цел подготвените предлог-закони за измени и дополнувања на Законот за семејство, Законот за средно образование и Кривичниот законик, беа разгледани и врз основа на истакнатите коментари и сугестии ќе бидат финализирани, а потоа и формално превземени од министерствата за нивно понатамошно процесирање пред Собранието.

Chitingen li akava?

Промоција на проектот Вработување на млади Роми

Центарот за економски анализи – ЦЕА Скопје во соработка со организациите Сумнал, Светла Иднина и …

Proekti RRC – Amen gradinaja phurt bash amaro Avutnipe(Video)

Pobuter bashi i proektna aktivnost taro Romano resusrno centar diken ko Video