Kjani IbraimNovember 18, 2017
romi-ucenici_24vakti-1.png

3min84

Konkursi bašo ulajbe stipendije ko 5 kategorije bašo  Romane sikljovne hramome ko 1,2,3 thaj 4to educiribaskoro berš ko javna thaj privatna maškarsikljobaskere siklane bašo berš 2017/2018-to.

O Ministeri bizo resor kova si baši implementacija e Strategijake bašo anglodzajbe e Romenge ki Republika Makedonija, Samka Ibraimovski avdie ki pres konferencija vakerga kaj erati šhurakerga thaj si havlardo o konkursi ulajbaske stipendije ko akala 5 kategorije bašo Romane sikljovne.

Kerelape lafi bašo 752 stipendije ko 5 kategorije kova so ulavenalen o Ministeriumi bašo educiribe thaj nauka finansisko ikeribaja taro Romano educiribaskoro fondi tari Budimpešta, Hungarija bašo sikljobaskoro berš 2017/2018-to, kolendar 353 si dikhle bašo Romane maškarsikljovne taro berš 2016/2017-to so sinelen prosek thaj ikergele minimum dzi ko 3.00 .

Ki avgo kategorija ulavenape 107 stipendije bašo talentirime Romane maškarsikljovne kola isilen sukcesi taro 4.50 dzi ko 5.00 ko učipe taro 2.200 denarija.

Ki dujto kategorija ulavenape 155 stipendije bašo resarde sukcesije prosekoja 3.50 dzi 4.49 ko učipe taro 1,500 denarija ko masek.

Ki trito kategorija ka ulavenpe 74 stipendije baši resardo sukcesi taro 3.00 dzi ko 3.49 ko učipe taro 1.000 denarija ko masek.

Ki štarto kategorija ka ulavenpe 17 stipendije bašo sikljovne ulavde educiribaskere potrebencar sukceseja majhari taro 3.00  ko učipe taro 1.000 denarija ko masek.

329 stipendije ulavenape Romane maškarsikljovnenge taro javna thaj privatna siklane kova so na sine korisnikija e stipendijenge ko siklojbaskoro berš 2016/2017-to.

O Ministeri dopherga kaj 70 stipendije ka ulavenpe ko 5 kategorije e Romane maškarsikljovnenge taro komune : Šuto Orizari, Prilep,Kumanovo,Tetovo thaj Štip ko javna thaj privatna siklane ko učipe taro 600 denarija palo sikljovno bašo resardo sukcesi taro 2.00 dzi ko 2.99.

Sa o aplikantija valjanena te muken: rodiba baši stipendija, orginal prijava baši stipendiribe e maškarsikljovnenge, orginalno potvrda bašo redovno sikljovno ko berš 2017/2018-to, zaverimi fotokopija ko notari taro sveditelstvo taro paluno siklojbaskoro berš, lipariba kaj o kandidati nane korisniko tari javer stipendija, lipariba kaj si pripadniko taro Romano nacionaliteti, kopija taro uverenije bašo themutnipe tari Republika Makedonija, kopija tari transakcisko smetka tari banka anaveja e sikljovneskoro, kopiribe tari lično karta thaj kopija tari lično karta taro jekestar taro jerije/staratelija bašo korisnikija so ka aplicirinen.

Sa o nakompletno dokumentacija nane te dikhlarelpe  thaj nane te khuvel ki konkurencija  e javere kandidatencar so apliciringe.

O ministeri vikinga sarinen kova so pherena o uslovija te aplicirinen thaj te prijavinenpe ko vakti mukhibaja pherdi dokumentacija kova so rodelape ko Ministeriumi baši educiribe thaj nauka.

 


Sali MemedNovember 17, 2017
Konkurs-1280x720.png

1min107

Едукативниот и медиумски развоен центар за млади Роми – Асоцијација 24 Вакти од Скопје отвора повик за пишување Анализа за состојбата во Република Македонија  за говор на ормаза, и сликата за Ромската заедница во македонските медиуми.

Анализата е потребна со цел развивање на планови и програми кои Асоцијацијата ќе ги вклучи во нови активности поврзани со овие проблеми.

Профил на апликантот:

  • Лицето кој ќе ја спроведува оваа анализа треба да има компетентност и искуство во пишување на анализи и истражувања од овие области.
  • Апликантот треба да има темелно разбирање и дефиниција за говор на омраза, дискриминација и стереотипизација кон Ромите во Република Македонија и пошироко како и да ги следи анализите за медиумите во Македонија со ромска тематика.
  • Апликантот треба да има развиено искуство во пишување и спроведување на методологии како и напредно знаење на политиките на Ромите од страна на јавните институции на Република Македонија и пошироко.
  • Одлични аналитички, истражувачки и вештини за пишување на извештаи, како и интерперсонални вештини

Заинтересираните кандидати се бара да достават:

  1. Писмо за изразување на интерес
  2. Биографија / Curriculum vitae
  3. Опис на предлогот. Краток опис на методологијата на истражувањето и начинот на пишување на анализата како и претходно искуство и знаење од оваа област.

Апликациите ќе се оценуваат спрема:

  1. Претходно искуство и знаење – 20 бодови
  2. План за пишување на анализата и времетраење – 15 бодови
  3. Квалитет на дефинираната методологија за анализата – 15 бодови

Вкупно: 50 бодови

Ве молиме испратете ги документите за аплицирање најдоцна до 20 Ноември 2017 година на следниов е-маил: azdrijanmemedov@gmail.com. Со назнака за повикот Антициганизам: Говорот на омраза и сликата за Ромската                                     заедница во македонските медиуми“

Кандидатите ќе бидат информирани за резултатите од изборот најдоцна до 22 Ноември 2017 година.

Дополнителни информации, пратете е-маил на azdrijanmemedov@gmail.com или јавете се на 078/338-631.

 


Sali MemedNovember 17, 2017
obrazovanie-i-nauka-1280x783.png

3min154

КОНКУРС
за доделување на стипендии во пет категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2017/2018 година

Министерството за образование и наука со финансиска поддршка од Ромскиот образовен фонд од Будимпешта за учебната 2017/2018 година ќе додели 752 (седумстотини педесет и две) стипендии во пет категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.

I.    УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Во учебната 2017/18 година се доделуваат вкупно 752 стипендии во пет категории, од кои353 стипендии се предвидени за средношколци Роми корисници на стипендии од учебната 2016/17 година кои го задржале просекот од минимум 3.00; 329 стипендии за нови средношколци Роми кои не биле корисници на стипендии во учебната 2016/17 година и 70стипендии за средношколци Роми со постигнат успех од 2.00 до 2.99 во последната учебна година, од пет општини предвидени подолу со Конкурсот.

(1.)    353 (триста педесет и три) стипендии се предвидени за средношколци Роми корисници на стипендии од учебната 2016/17 година кои го задржале просекот од минимум 3.00 во следните категории:
1.    Во првата категорија се доделуваат вкупно 107 стипендии за средношколци Роми кои биле стипендисти во учебната 2016/17 година во висина од 2.200,00 денари месечно по ученик за  постигнат просек од 4.50 до 5.00 во последната учебна година;
2.    Во втората категорија се доделуваат 155 стипендии за средношколци Роми кои биле стипендисти во учебната 2016/17 година во висина од 1.500,00 денари месечно по ученик за постигнат просек од 3.50 до 4.49 во последната учебна година;
3.    Во третата категорија се доделуваат 74 стипендии за средношколци Роми кои биле стипендисти во учебната 2016/17 година во висина од 1.000,00 денари месечно по ученик за постигнат просек од 3.00 –  3.49 во последната учебна година;
4.    Во четвртата категорија се доделуваат 17 стипендии за средношколци Роми кои биле стипендисти во учебната 2016/17 година во висина од 1.000,00 денари месечно за ученици со посебни образовни потреби кои имаат постигнат успех од најмалку 3.00 во последната учебна година;

(2.)    329 (триста дваесет и девет) стипендии се доделуваат на средношколци Роми од јавните и приватните средни училишта во Р. Македонија кои не биле корисници на стипендија во учебната 2016/17 година во следните категории:
1. Во првата категорија се доделуваат вкупно 80 стипендии за средношколци Роми во висина од 2.200,00 денари месечно по ученик за  постигнат просек од 4.50 до 5.00 во последната учебна година;
2.    Во втората категорија се доделуваат вкупно 100 стипендии за средношколци Роми во висина од 2.200,00 денари месечно по ученик за  постигнат просек од 3.50 до 4.49 во последната учебна година;
3.    Во третата категорија се доделуваат 106 стипендии за средношколци Роми во висина од 1.000,00 денари месечно по ученик за постигнат просек од 3.00 –  3.49 во последната учебна година;
4.    Во четвртата категорија се доделуваат 43 стипендии за средношколци Роми во висина од 1.000,00 денари месечно за ученици со посебни образовни потреби кои имаат постигнат успех од најмалку 3.00 во последната учебна година;

(3.)    70 стипендии се доделуваат во петтата категорија на средношколци Роми од пет општини од јавните и приватните средни училишта во Р. Македонија во висина од 600,00 денари по ученик за  постигнат просек од 2.00 до 2.99 во псоледната учебна година:

II.    КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

За учениците Роми од прва, втора, трета и четврта категорија  стипендиите ќе се доделат согласно следните критериуми:

1) да се редовни ученици запишани во прва, втора, трета и четврта година во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија;
2) да не повторувале во претходната учебна година;
3) да не се корисници на стипендија од други институции/установи или фирми;
4) да се припадници на Ромската заедница и
5) да се државјани на Република Македонија.

Петтата категорија ги опфаќа учениците Роми  кои имаат постигнат општ успех од оцените од 2.00 до 2.99 во претходната учебна година, за кои стипендиите се доделуваат согласно следните критериуми:

1) да се редовни ученици запишани во прва, втора, трета и четврта  година во приватните и државните средни училишта и да се со официјално живеалиште од следните општини: Шуто Оризари, Прилеп, Куманово, Тетово, и Штип;
2) предност при селекција на стипендиите од петтата категорија ќе имаат кандидатите кои се запишани и учат во прва и втора година. Доколку не се пополни предвидениот број на стипендии за секоја општина со кандидати од прва и втора година, тогаш стипендии во рамките на оваа категорија ќе се доделат и на кандидати кои учат во трета и четврта година;
3) да не повторувале во претходната учебна година;
4) да не се корисници на стипендија од други институции/установи или фирми;
5) да се припадници на Ромската заедница и
6) да се државјани на Република Македонија.

При селекцијата на стипендии за прва, втора, трета, четврта и петта категорија предност имаат кандидатите кои имаат повисок општ успех од оцените.

III.    МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Учениците кои се пријавуваат по Конкурсот, потребно е до Министерството за образование и наука/Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, ул. Св.Кирил и Методиј бр. 54 – Скопје, најдоцна до 30.11.2017 година да ги достават следните документи:

1.    Барање за стипендија (линк до документот);
2.    Оригинал пријава (не копија) за стипендирање на средношколци Роми (линк до документот);
3.    Оригинал потврда дека е редовен ученик во учебната 2017/2018 година;
4.    Заверена фотокопија кај нотар од свидетелство од последната учебна година на школување;
5.    Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија (линк до документот);
6.    Изјава на кандидатот дека е припадник на ромската етничка заедница (линк до документот);
7.    Копија од уверение за државјанство на Р. Македонија;
8.    Согласност за користење на лични податоци; (линк до документот)
9.    Согласност за копирање и употреба на лична карта; (линк до документот)
10.    Копија од трансакциска сметка од банка на име на ученикот;
11.    Копија од лична карта на родител/старател за учениците кои аплицираат за стипендија за петта категорија.

Ненавремената и некомплетната документација нема да се разгледува во процесот и истата нема да влезе во конкуренција со останатите кои се пријавиле на конкурсот.

IV.    ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата е наведена за секоја категорија посебно и тоа:

Прва категорија: Стипендии за талентирани средношколци Роми.
Оваа категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во 1ва, 2ра, 3та и 4та година, а покажуваат одлични резултати со успех од 4.50 до 5.00. Во оваа категорија на стипендии за учебната 2017/18 година ќе бидат доделени вкупно 187 (107 стипендии за корисници од учебната 2016/17 година и 80 стипендија за нови корисници) стипендии. Висината на стипендијата за прва категорија изнесува 2,200.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Втора категорија: Стипендии за ученици со успех од 3.50 до 4.49
Втората категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во 1ва, 2ра, 3та и 4та година, а покажуваат многу добри резултати со успех од 3.50 до 4.49. Во оваа категорија на стипендии за учебната 2017/18 година ќе бидат доделени вкупно 255 (155 стипендии за корисници од учебната 2017/18 година и 100 стипендија за нови корисници) стипендии. Висината на стипендијата за втора категорија изнесува 1,500.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Трета категорија: Стипендии за ученици со успех од 3.00 до 3.49
Третата категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во 1ва, 2ра, 3та и 4та година, а покажуваат добри резултати со успех од 3.00 до 3.49. Во оваа категорија за учебната 2017/18 година ќе бидат доделени вкупно 180 (74 стипендија за корисници од учебната 2016/17 година и 106 стипендии за нови корисници) стипендии. Висината на стипендијата за трета категорија изнесува 1,000.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Стипендиите од првите три категории кои нема да бидат доделени се префрлаат за доделување во друга категорија во рамките на трите категории.

Четврта категорија: Стипендии за ученици со посебни образовни потреби
Четвртата категорија на стипендија ќе биде наменета за ученици со посебни образовни потреби. Во оваа категорија на стипендии за учебната 2017/18 година ќе бидат доделени вкупно 60 (17 стипендии за корисници од учебната 2016/17 година и 43 стипендии за нови корисници) стипендии. Висината на стипендијата за четвратата категорија изнесува 1,000.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

Петта категорија: Мотивирачка стипендија за ученици со просек од 2.00 до 2.99
Петтата категорија на стипендија ќе се додели на ученици Роми кои во претходната учебна година имаат постигнат општ успех од оцените од 2.00 до 2.99. Во оваа категорија за учебната 2017/18 година ќе бидат доделени вкупно 70 стипендии. Висината на стипендијата за петтата категорија изнесува 600.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година. Петтата категорија на стипендија ќе се додели на ученици кои имаат официјално живеалиште  во една  од следните општини: Шуто Оризари (35 стипендии), Прилеп (12 стипендии), Куманово (11 стипендии), Тетово (6 стипендии), и Штип (6стипендии). Предност при селекција на стипендиите од петтата категорија ќе имаат кандидатите кои се запишани и учат во 1ва и 2ра година. Доколку не се пополни предвидениот број на стипендии за секоја општина со кандидати од 1ва и 2ра година, тогаш стипендии во рамките на оваа категорија ќе се доделат и на кандидати кои учат во 3та  и 4та година.



Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2017, Sa o nijamija si protektirime