АВАЈА ги артикулираше ромските барања пред премиерот Заев и дипломатскиот кор

Претставниците на граѓанската иницијатива „АВАЈА“, која ги аритикулира барањата на ромската заедница, организираше дипломатска вечера на која присуствуваа речиси сите дипломатски претставници во Република Северна Македонија, претставници на Канцеларијата на Ромски иницијативи при Фондацијата Отворено Општество во Берлин, премиерот Зоран Заев и други претставници на Владата.

На вечерата се разговараше за трите барања кои Ромите ги артикулираа во Манифестот на АВАЈА, односно зголемувањето на правичната застапеност во јавната администрација, капиталните инвестиции во ромските населби и двојна буџетска алокација за решавање на проблемите на Ромите до 2020 година.

Во наредниот период, претставниците на иницијативата АВАЈА ќе го претстават Манифестот пред сите политички субјекти во земјава и пред ромската заедница. Од иницијативата АВАЈА (на македонски јазик: Доаѓаме) спроведуваат кампања насловена како „Ние Гласаме, Ние Одлучуваме”. Иницијативата е составена од млади Роми активисти и интелектуалци кои ги артикулираат и промовираат интересите на граѓаните Роми пред сите засегнати страни во Република Северна Македонија. Кампањата има цел да мобилизира 10.000 граѓани Роми во 14 општини за да се обедини ромскиот глас за застапување на заедничките интереси на заедницата, како и охрабрување на гласачите Роми да учествуваат на претстојните претседателските избори и да го искористат своето право на глас со што ќе се придонесе кон подигнување на политичката култура на ромската заедница и демократските процеси во Република Северна Македонија.

На промоцијата на АВАЈА, граѓанскиот активист Акиф Кариман рече дека станува збор за граѓанска, непартиска, иницијатива која ги артикулира барањата на ромската заедница.

„Имаме 500 активисти во нашата структура со кои треба да собереме 10.000 потписи како поддршка и овие потписи ќе се достават до надлежните институции. На крајот на кампањата ќе организираме јавно сослушување со мобилизација на 1000 Роми кои ќе имаат можност, организирано, да се сретнат со кандидатите за претседател и со претставници на политичките партии да се информираат за нивните програми и да ги артикулираат своите интереси. Крајно време е ние да бидеме повидливи и да бидеме повисоко на агендите за решавање на нашите проблеми и предизвици“, вели граѓанскиот активист Акиф Кариман.

 Исто така, неговиот колега, Елвис Шаќири, објасни дека извесно време биле во процес на консултација со заедницата.

 Учеството на ромската заедница на овие избори е можност за пренесување на ромските колективни интереси до кандидатите за претседател на државата. Од овие средби се подготви Манифест за ромската заедница со трите 3 конректни барања, кои ќе ги доставиме  до политичките партии, до невладините организации и до странските преставништа“, рече граѓанскиот активист Елвис Шаќири.

Според нив, легитимитетот на оваа иницијатава произлегува од претходните консултации со заедницата и поддршката со 10.000 потписи од ромската заедница.

 

 

 

 


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime