#NVO #Roma ki MK

Аваја обезбеди донација за ангажирање на медицинска сестра во гинеколошката амбулантата во Шуто Оризари

Гинеколошката амбуланта ќе започне со работа веднаш штом ја добие дозволата за работа од Министерството за здравство!
Оваа донација е дел од целокупната поддршка која Канцеларијата за ромски прашања од Берлин (РИО) ја дава на ромската заедница од Шуто Оризари. Целокупната поддршка се состои од обезбедување на амбулантно возило, поддршка на гинеколошката амбуланта со ангажирање на медицинска сестра и ангажирање на дополнителни две медицински сестри за потребите на поликлиниката Шуто Оризари.