Адил и Силви бенд ѕвезди на годинешниов „Рома Труба Фест“ во Куманово
По 18-пат фестивалот го организира Ансаблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“ од Куманово.
Оваа година специјални гости ќе бидат српската фолк ѕвезда Адил Максутовиќ и Силви бенд.
„Адил ќе биде гост на првата фестивалска вечер на “Рома труба фест” и како голема ѕвезда веруваме дека ќе привлече бројна публика. Затоа ги поканувам сите кумановци заедно да уживаме во звуците на лимено – дувачките инструменти и извонредниот вокал на Адил што заедно ветува незаборавна забава“, изјави Самет Салиевски, директор на Фестивалот.
На фестивалот ќе настапат девет оркестри, групи и изведувачи од Скопје, Штип, Берово и Виница, гости од Србија и Бугарија.
На првата фестивалска вечер закажан е настапот на оркестрите „Пиротски трубачи“ и „Сложни браќа“ од Пирот, Србија, Исидор Зечировиќ од Бојник, Србија и оркестарот „Бертан“ од Штип.
Втората вечер ќе настапат „Силви бенд“ од Скопје, оркестарот на Демир Кантуровски од Берово, оркестарот на Кристијан Азировиќ од Србија,„Браз Бенд Ромален“ од Бугарија и оркестарот „Браз Фантази Левис“ од Виница.
Концертите започнуваат во 20.30 часот.
Фестивалот се одржува под покровителство на Министерството за култура и Општина Куманово.