Актуелна ситуација на ромското политичко движење

Годините се бројат а времето одминува. Наместо промени и развој, наместо долгорочни политики, наместо јавно говорење и демократско владеење, кај нас константно се провлекуваат истите нерешени прашања, кај нас сеуште разговараме и пишуваме за горчливите проблеми, сеуште патријахалнотно владеење и лидерската позиција е сатисфакција за индивидуално богатење.

За жал, за 30 години, сеуште не можеме да разбереме дека демократија значи владеење на народот  а не владеење со народот.

Во овој текст ќе се осврнам  на политичките акции која се одвиваа и сеуште одвиваат кај ромскиот народ анализирајќи ги генералните политики и стратегии на самите субјекти како и ставови и мислења за РОМСКАТА ПУБЛИКА која создава и дозволува својот пад и неуспех константно да го продолжи обвинувајќи го другиот а не себеси.

Пред формирање на секој политички субјект,  идејата на основачите се раѓа од незадоволството на генералните политики во општеството и затоа се формализираат во правен субјект кој ќе креира нови стратегии и погледи за решавање на потребите на одредена група на високо ниво.

Во 1991 година, откако се формира првиот ромски политички субјект во Македонија, главниот идеал на членството беше еманципацијата на ромскиот народ во политиките на системот во државата. Доколу се анализира тогашното време, мора да се спомене дека Македонија како млада држава која се одвои од СФРЈ, креираше политики кои им овозможија на помалите заедници формално да опстојуваат но сепак во фокусот, креираа и етноцентризам не давајќи им на помалите заедници да се развијат и држејќи ги во стагнација.

Борејќи се за простор за истакнување, ромските политички лидери стануваат мета на поголемите субјекти. Искористувајќи ја сиромаштијата и нивната невработеност како и идеалот за брза интеграција, се формира меѓуетничко обединување преку политичката форма “коалиција“ помеѓу “помалите“ и најголемиот  блок. Влогот кој го давале и сеуште го даваат, ромските политички партии, беше ромското гласачко тело а за возврат,  задоволување на личните интереси кога во Македонија цутеше корупцијата во соработка со приватизацијата.

Без да се задоволи политичката идеологија и визија на самите партии, без да се консултира извршното тело на партијата, челниците (челникот) од партиите го ставаат ромскиот глас како влог во коалиција со поголемите партии со цел задоволување на индивидуални потреби. Но, и индивудуалните потреби имаа свој влог, можеби и најголем и најстрашен во целата ситуација а тоа е неможноста јавната борба и јавно говорење за интересите на ромскиот народ да бидат во преден план а молчењето во форма на “немоќ“ да биде изговор за неправдите.

Свесни за играта и влогот, ромските политички субјекти влегоа во играта бидејќи загубата би била на колективот а не на личниот интерес кој во скоро време бил задоволен.

На почетокот од играта, ромскиот народ цврство верува во идеалите на партиите и нивните лидери но со текот на времето, свесни за загубите и за времето изминато. Истовремено алчноста ги тера кон отворената можност која им се нуди од другиот македонски блок за создавање на опозициска коалиција која впрочем ги има истите принципи како и предходната. Поради тоа формираат друга/и политички партии со иста идеологија само со различни предни ликови.

Иако за лично богатење но и за интерес на заедницата, сегашните коалиции се формираат и за друга цел а тоа е лична заштита поради прекршување на начелата и нормите од законите.

На почетокот им дозволуваат прединство па дури и степен на толелирирањe за подоцна да ги уценат и замолчат поради нивните постапки. 

Таквиот пристап и стратегии, константно го креираат вечните лидери кои за жал сеуште се провлекуваат низ децениите.Сегашните ромски политички субјекти, сеуште живеат во времето на старата слава. Мислат дека нивното име и презиме, нивните дела сеуште ќе ги примамат ромски гласови. Ситуацијата е многу конфронтирачка. Единствено кај Ромите има/нема опозиција. Велам има/нема затоа што и да има опозиција, истата не е слушната и активна или пак не сака да биде слушната и не сака да биде активна бидејќи смета дека на таков начин ги заштитуа своите поранешни постапки.

Од скоро формирана е уште една ромска политичка партија како резултат од внатре партиското незадоволството. Цел, стратегија и идеологија има/нема а ликот кој ја води е старо/нов, Сакајќи повторно да ја врати својата положба, статус и кредибилитет пред власта, формира политички субјект кој ќе биде конкурент на пазарот при коалицирање.

Всушност се поставува едно прашање:

  • За што всушност работат и формираат нивните партии доколку истите немаат стратегија и идеологија?
  • Што е ромско национално прашање?
  • Дали сеуште ќе се задоволат функции кои имаат карактер на задоволување на себепи и уште 4 други останати?
  • Дали со доделувањето на 10 или 20 вработувања се задоволи и се реши ромското прашање и доволно добро за да бидат замочлени пред јавноста?

Замислете, ПЦЕР, СРМ, ОПЕ, ПИР, ДСР, РОМ, ПДПР и ДПР го работат пазарот на 35 до 40 илјади ромски гласови низ Македонија, а секој од нив вели дека има ограноци низ земјата и можат да тежат по 35 до 40 илјади гласачко тело. Тоа и го нудат на владеачката коалиција. Зарем од големите партии не се свесни дека ромските лидери сакаат прават будали од нив?

Македонскиот блок, знаејќи дека е преварен но ја игра нивната игра  “ШПИОНОТ“ и го зема речиси целиот ромски политички корпус во еден чадор, правејќи лицемерие, омраза и расипништво меѓу Ромите. Им нуди на ромските партии по една државна функција (најчесто за претседателот на партија) и уште 5 до 10 вработувања (најчесто за роднини и блиски пријатели кои на терен можат да донесат 1000 гласа).

Реално, сметам дека им е доволно на партиите затоа што толку вредат индивидуално.

(подели 8 партии со 35 до 40 илјади ромски гласови).

За жал ситуацијата ќе е уште таква доколку РОМСКАТА ПУБЛИКА дозволува нивниот интегритет да биде искористен од страна на нивните навидум “браќа“. Пасивноста на заедницата доведе до стадиум на себеповлекување и незаинтересираност за прашања кои се во општ интерес. Социјалните мрежи често знаат да забележат коментари и статуси на интелектуалната маса за неработењето и неажурноста на сегашните политички субјекти велејќи дека се неписмени и дека немаат капацитет а всушност ни малку не помагаат да се подобри сликата (па после си добиваат одговори и коментари на фб. Епа нека не се љутат).

За жал, кај интелектуалците попримамлив е пазарот и колицирањето (партнерството) во НВО секторот  отколку кај политичките партии, бидејќи како административен работник во некое министерство месечно може малку да заработиш (до 13.500 со средно / до 22.000 со високо) додека координатор или асистент на проект од ЕУ средствата задоволува како три плати на месечно ниво.

  •  Ромската заедница и понатаму се соочува со еден од најголемите проблеми во државата а тоа е дискриминацијата, сиромаштијата и невработеноста…………
  • Сите ги наполнија своите џебови со пари, едни отвараат нови партии, други си се заштитуваат под чадорот, трети самобендисани и жевеат на стара слава а четврти пак изгубени и чекаат телефон да им се јават…..
  • Националното обединување и реформската политика внатре во партиите е неопходно да се превземе што поскоро бидејќи можно е да се следат низа кархови за партиите но и за ромската заедница:
  • Губење на членството на самите партии
  • Губење на кредибилитетот на ромските политички партии
  • Претопување на членстото во не-ромските партии
  • Тотална незаинтересираност на граѓаните за сегашните политики а со тоа и автоматски продолжување на мандатот на континуирано истите личности
  • Традиционално и семејно раководење со структурите на партиите

Ромските политички партии и нивните лидери да останат како почесни претседатели и од нив да се искористи политичкото искуство, а одлуките, стратегиите и политиките да ги превземат млади, чисти (некорумпирани) лица и секако внатрепартиски интелектуални кадри.

 

Загрижен граѓанин

 


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime