Андоновска: Здравствените работници и вработените во Фондот за здравство се незадоволни од условите за работа

Секој ден начнуваме некоја тема, тоа не значи дека не ја претставуваме целата програма.

Денеска нѐ покрена штрајкот на Фондот за здравствено осигурување, ќе ја покренеме темата на проблемите во здравството затоа што не е само овој предупредувачки штрајк, односно протест, знаеме дека ден пред денот на здравјето предупредувачки протест одржаа и синдикатите на здравството, заедно, самостојниот синдикат и синдикатот на Клинички центар. Исто така протестираа и специјализантите, 400 специјализанти кои поради својата совест го прекинаа штрајкот, меѓутоа истиот е активиран од пред два дена.

Ние се наоѓаме во една фаза кадешто здравствените работници, меѓу кои ги вбројувам и приватните специјализанти и вработените во Фондот за здравство, се апсолутно незадоволни како од условите за работа, меѓутоа пред сѐ од нивните колективни договори и нивните месечни примања од причина што не им се потпишани анексите на колективните договори, овде зборувам за вработените во здравство и нивните коефициенти не се усогласени со минималната плата. Сѐ уште кај нив коефициентот на минималната плата е 14.500 денари, но со новото покачување треба да бидат усогласени со 22.500 денари.

За вработените во здравство не беше потпишано од страна на заменик-министерката за финансии и тоа во периодот кога сѐ уште не се поклопуваа изборните циклуси за да биде тоа забрането, инаку беше договорено тоа уште во декември месец, но поради смената на министрите тоа не се реализира.

Младите приватни специјализанти протестираат затоа што тие примаат месечна надокнада од 25.000 денари и тоа беше еден дел од нашите размислувања, да се залагаме да ја примаат платата како што се и вработените специјализанти во јавното здравство. Вработените во Фондот за здравство исто така протестираат од иста причина, неусогласување на платите која понатаму би се зголемувала со повисоки коефициенти.

Сите тие се свесни за сриозноста на ситуацијата во која се наоѓаат, меѓутоа, инсистираат што побрзо да се реши нивниот проблем. Конкретно денеска, Фондот за здравство не беа удостоени ни да заседава нивниот одбор и тие бараат и разрешување на Управниот одбор. Се наоѓаме во еден таков изборен циклус кадешто можеби не може во моментот да се решат овие проблеми, меѓутоа кој и да ја формира идната влада веднаш треба да реагира за овие горливи прашања да бидат решени.

Фондот за здравство не одобрува средства за продолжена рехабилитација. Тој проблем може да го решиме конкретно, имавме таков пример да млада личност биде испратена на лекување во странство, медиумски тоа се покрена на највисок степен, а потоа, бидејќи тоа не е влезено во одредните на Фондот за здравство, законски не беа исплатени тие средства или беа дадени некои ветувања. Во однос на таа најтешка категорија на болни кои бараат палијативна грижа, без разлика дали станува збор за малигни или трјни последици од повреди, да не заборавиме дека има и деца кои се во таква лоша состојба со месеци или со години, неопходно е и тоа ни е планирано, за отворање на повеќе палијативни центри во Македонија, кадешто ќе можат вакви пациенти кои бараат долготрајна грижа и да се рехабилитираат.

Во однос на лекувањето во странство, сведоци сме годинин наназад дека тие првостепени и второстепени комисии

Related post