Ајакс и Тотенхем, триумф на фудбалот над големиот бизнис!

Не Реал, не Јувентус, ниту Манчестер сити, туку Тотенхем и Ајакс, кои вечерва (стадион „Тотенхем“ 21 часот) го играат првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите (ЛШ), се тимовите што ја обележаа годинашната сезона со фантастичниот, офанзивен и екстра квалитетен фудбал што ги плени сите. Овие два тима со начинот на игра, но и со филозофијата на работењето, покажаа дека парите и купувањето скапи и квалитетни играчи не е единствениот начин да се успее.

Ајакс игра онака како што веројатно посакува починатата клупска (на Ајакс и на Барса) и холандска легенда, Јохан Кројф, кој има освоено речиси сѐ што може да се освои во клупскиот фудбал. Тој пред финалниот меч во ЛШ, Барселона – Сампдорија (1-0), во 1992-та на „Вембли“, во својство на тренер на каталонскиот клуб наводно им рекол на играчите: „Излезете, играјте и уживајте“. За него уживањето во играта било исто толку битно како и сета друга подготовка на играчите, техничко-тактичката, психолошката итн.

Подоцна Кројф ќе го изјави и следното: „Зашто да не победите богат клуб? Јас никогаш не сум видел торба со пари да дава гол“! Токму тоа го сторија младите фудбалери на Ајакс сезонава (процените се дека составувањето на тимот чинело 95 милиони евра) елиминирајќи ги најпрвин Реал, во осминафиналето, потоа и Јувентус, во четврт-финалето. Истото тоа може да се каже и за Тотенхем, кој во четврт-финалето го елиминира пребогатиот Манчестер сити иако поради изградбата на новиот стадион во летниот и во зимскиот преоден не ангажира ниту еден играч!
Победите на овие два тима тогаш беа оквалификувани како голем триумф на фудбалот и засрамувачки пораз на големиот бизнис. Кога пред неколку месеци на големо се говореше дека се подготвува формирање европска суперлига, меѓу 11-те клуба основачи, ниту меѓу петте, што наводно ќе добијат покана за настап, ги немаше Ајакс и Тотенхем.

Еден од овие два тима ќе игра во финалето против подобриот од двомечот Барселона – Ливерпул, можеби нема да ја освои титулата, но фактот дека се меѓу четирите најдобри, како и начинот на кој стигнаа дотука, за многумина е многу побитен. Или како што изјави уште еден славен холандски фудбалер, стрелецот на победоносниот гол за Барселона во 1992-та на „Вембли“, Роналд Куман: „Не е доволно само да се победи. Тоа треба да биде на начин што долго ќе се памети и ќе се прераскажува со години“.


Барселона го има Меси, Ливерпул Салах и Мане

Во дуелот меѓу тимовите што заедно имаат освоено 10 титули првак на Европа (по пет), Барса важи за фаворит, барем на хартија, во пресметката со Ливерпул. Пред сѐ, поради формата и квалитетот, но најмногу поради волшебникот Лионел Меси, кој игра во фантастична форма сезонава (веќе постигна 10 гола во ЛШ) и кој на 32 меча против англиски тимови има дадено 24 гола.
Ливерпул не е поразен на последните 19 меча во сите конкуренции (14 победи и пет ремија), лесно дава, а тешко прима голови. Алисон Бекер и Вирџил ван Дајк се неприкосновени во одбраната, а напаѓачкото трио Салах – Фурмино – Мане е меѓу најдобрите во Европа. Салах е водечки стрелец во Премиер-лигата со 21 гол, само еден повеќе од Мане. „Црвените“ не се поразени на последните девет гостувања во сите конкуренции (шест победи и три ремија) што е добра најава за квалитетен и резултатски крајно неизвесен двомеч.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime