НЕЖДЕТ МУСТАФА

Бернат ромската мега ѕвезда би рекол ‘‘ПРЕТЕРАВТЕ’’

Колумна

Понесен од неделните случувања од изборните припреми, ожалостен од заблудите, грижливо следам дека и понатаму креираме одвратна неправда према самите нас , шириме болни амбиции, ја отварама пандорината кутија на раздорот, едни на други постануваме непријатели, го оставаме ромскиот народ во темнина, влегуваме во трка однапред поразени, пoстануваме сопствени злосторници со бесрамни отровни изјави.

Зошто?

Сите сме во трка за еден пратеник.

Eј народе, внимаваме ли на себе? Да не останеме згазени понижени? Се давиме ли во незнаење? Зарем памет немаме, едни со други да се исмејуваме? Толку ли алчноста нема граница народот да го водиме да живее во заблуда, стрес, во делби, групи. Ги користиме привилегите од народот, потоа ги правиме слепи и глуви, и бесрамно се преставуваме како нивни водачи. Ромите денес не можат повеќе да ја разликуваат вистината од лагата, правдата од неправдата, и на крај изјавуаат: ‘‘ па сите се такви‘‘. Зарем ни трумка срам и национална совест немаме. Поделени, разделени па дури и јаничари, мухаџири и енсарии постанавме. Да работиме во туги партиски програми и да веруваме во не ромски идеали. Зарем памет немаме? Тешко на сите нас што живееме во лаги и заблуди. Едни со други да се потиснеме, едни на други да постанеме волци, насилници, со тешки клеветеи и зборови да се нападнеме, ширeјкие одвратна неправда која не уназадува и не загадува пред нашите комшии, пријатели, граѓани, ја афирмираме неправдата потиснувајки ја вистината мегу нас, користејки интриги и превара едни на други. Па до кога вака? Од цела шума дрва не можеме да видиме.

Јас Ве повикувам во единство, она што го посакува и нашиот севишен створител а вие го терата патот на раздорот, патот на шејтанот. Јас изјавувам дека мојата партија нема амбиции за државнички функциии за да не се злопупотреби повикот за единство дека демек имаме замаскирани планови. Замислите, залутани незнајковци не напагате и не клеветуваат дека е ова заговор. Па ние ви направивме цел ограниграм –графички приказ, што се можеме да добиеме кога би биле сплотени во се партиско обединување и изјавуваме во нашите куќни трибини дека ние нема да се условиме со ниту една фукција, со цел да влеземе со кормиларот на победникот, за да имаат и младите и старите, трговци, сиромашни, болни и изнемоштени, образованите и необразваните, хаир од нашите гласови сплотени на едно место. Има ли тука заблуда, интриги? Не! Заблудите ги прават тие кои се лицемерни и не се сити од она што го сториле како неправда према вас, од оние кои што се алчни и немаат крај од својата заситеносот, од оние кои што сакаат од народот да напраат чекмеџе. Тешко на оние кои жевает со такви лаги и заблуди. Во името на севишниот, не запагајте во забуда и мегусебно зло, неправда и обостран омраза.

Затоа кога пагаме во невољи, тешкотии, тогаш не оправдувајте се дека сте грешиле, дека за хаир тоа сте го чинеле, не дозволтете сами себе да се исмејувате. Ејј, каде ке им оди душата.

Зарем не се уморивме, се уште ли ќе дозволиме едни на други дволичноста да не погуби, треба ли да се дружиме со оние кои делат правда и единство или со оние кои не делат, шират неправда, кои се алчни, лицемерни, говорат бесрамни и грешни изјави. Зарем ке дозволиме длабоко да се давиме во незнаење. Јас постојано народе ромски ве предупредувам на можните последици од оние кои за нас преговараат со лицитација. Ајде, вистината да ја втемелиме а лагата да ја потиснеме. Се вели , сиот ум алах му го даде на човекот на раце да постане корисен за себе, своето смејство и својот народ, да се грижи за него, бидејки еден ден ке се раздели од овој дујналучки живот ама до тогаш, барем корисно да го употреби.

Ви се молам, ќе ставиме ли крај на лицемерните : кога зборат лажат, кога ветуваат не исполнуваат и кога им се дава доверба тие ја изневерува дадената доверба.

Хм….Во ред и сега?

Да, овој пат ке се обединеме и тоа денес не утре, ќе оставиме горделиво наследство за нашите генерации да не се срамат од нас. Сите заедно напред. Ние можеме!!!

Неждет Мустафа


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime