ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Аеродромот во Скопје со информации за патниците на Wizz Air

Меѓународниот аеродром Скопје ги известува патниците на Wizz Air дека поради оперативни причини шалтерите за регистрација се затвараат точно 60 минути пред времето на полетување.

Целото известување ви го пренесуваме во целост:

„Поради оперативни причини шалтерите за регистрација се затвораат точно 60 минути пред времето на полетување на Вашиот лет до/од Меѓународниот Аеродром Скопје.

Поради тоа, Ве молиме планирајте да пристигнете на Аеродромот соодветно, за да имате доволно време за регистрација и/или за пријавување на багажот.

По регистрацијата, веднаш продолжете кон пунктовите за безбедносна проверка.

На Портите (Gates) задолжително е да сте присутни и подготвени за влегување во авион не подоцна од 30 минути пред закажаното време на полетување.

Со цел поефикасна проверка, на Портите (Gates) бидете сигурни дека патната исправа Ви е подготвена за да ја приложите.

Ве молиме имајте предвид дека Wizz Air има строга политика во однос на дозволениот рачен багаж. Не можеме да гарантираме дека сите парчиња рачен багаж ќе бидат сместени во патничката кабина на авионот. Кога ќе се достигне максималниот број на парчиња багаж во кабината на авионот, заради Ваша удобност и со цел авионот навреме да полета, Вашиот багаж може да биде сместен во одделот за багаж на авионот.

Доколку не се појавите навреме за влегување во авионот, Вашите пријавени парчиња багаж ќе бидат истоварени, а авионот ќе полета без вас“, пишува на нивниот фејсбук профил.

Повеќе информации на: https://wizzair.com/


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime