Вакцинацијата се очекува да почне во среда, наскоро и кинески вакцини

Според Филипче, од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште нема потврда кога.

Од Sputnik V се очекуваат 200.000 дози или со оние од Astra Zeneca вкупно 2.200.000 вакцини треба да стигнат во земјава.

Во однос на кинеската вакцина, објасни дека се завршени сите потребни административни работи.

-Ги завршивме сите потребни административни работи, размената на документите и сме во комуникација. Очекуваме тајминг за нивно доаѓање, рече Филипче.

извор:https://kajgana.com/vakcinacijata-se-ochekuva-da-pochne-vo-sreda-naskoro-i-kineski-vakcini

Dzulia Selim Memed

https://www.24vakti.mk

Related post