(ВИДЕО) Македонските дозволи и официјално признати во Германија

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и амбасадорот на СР Германија, Томас Герберих, денеска во 14:45 часот во МВР  ја потпишаa заедничката декларација меѓу македонското МВР и германското сојузно Министерство за транспорт и дигитална инфраструктура, за олеснување на постапките за меѓусебна замена на возачките дозволи.

,,Денешниот ден е многу значаен затоа што потпишуваме долгоочекуван договор, договор за кој најдовме начин да ги завршиме преговорите и да го потпишеме. Знаете дека овој процес на разговори трае многу долго и навистина сум среќен што успеавме за една година да ги отстраниме сите пречки што беа за да се склучи еден ваков договор”, рече денеска министерот Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање за овој договор.

,,Овој процес со години беше заглавен во лавиринтите на меѓусебното нормативно усогласување помеѓу надлежните служби на Република Македонија и СР Германија, без надеж за успешно решавање на отворените прашања. Граѓаните со право беа нестрпливи, затоа што со години им беа давани празни ветувања, рече Спасовски, но од денес, со потпишувањето на Декларацијата, ќе им овозможиме на нашите граѓани, од двете пријателски земји, да ги користат бенефитите од меѓусебното признавање на возачките дозволи.

Од практичен аспект, ова значи дека на територијата на двете земји граѓаните кои ги исполнуваат условите според Декларацијата законски престојуваат подолго од 180-185 дена во другата земја во текот на годината, имаат важечки национални возачки дозволи и кои наполниле 18 години) ќе можат да извршат замена на националните возачки дозволи, со валидни возачки дозволи од земјата во која престојуваат, без да бидат изложени на дополнителни трошоци за повторно полагање на возачките испити или, пак, обезбедување лекарски потврди и слично. Такви и слични договори веќе имаме со повеќе европски земји, како Италија, Шпанија, Белгија, Романија, Чешка, Унгарија, Австрија, со земјите од регионот – Србија, БИХ, Албанија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, а во завршна фаза се договарањата со Турција, Велика Британија, соседно Косово, како и Австралија и Нов Зеланд”, додаде тој.

Министерот Спасовски истакна дека оваа заедничка декларација е само дел од низата билатерални и партнерски активности што од самиот почеток на македонската самостојност во континуитет ги реализираме заедно со пријателска Германија и дека е убеден дека тоа ниво и интензитет на меѓусебно уважување, заедништво и поддршка не само што ќе продолжи во наредниот период, туку и дека уште повеќе ќе се интензивира, особено сега кога се направени клучните исчекори за македонско полноправно асоцирање во евро-атлантските интеграции.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2017, Sa o nijamija si protektirime