ВОДАТА ВО КАНАЛИТЕ ВО ВЕНЕЦИЈА СЕ РАЗБИСТРИ ДОДЕКА ИТАЛИЈА Е ВО КАРАНТИН

Додека коронавирусот продолжува да го обзема светот, пандемијата има и некои неочекувани споредни ефекти.

Венеција, еден од најпосетените градови во Европа, вообичаено е преполна со туристи преку цела година, но Италија сега е во карантин, па нејзините улици се празни. Локалните жители велат дека водата во градските канали станала многу почиста што цели јата риби пливаат наоколу, а се вратиле и лебеди, корморани и делфини.

„Останете дома, природата се заблагодарува“, напиша локалната жителка Марија Ланаро на Инстаграм.

Сепак, од кабинетот на градоначалникот на Венеција велат дека водите изгледаат прочистено од друга причина.

„Водата изгледа побистро бидејќи има помалку сообраќај во каналите, што овозможува талогот да остане на дното. Квалитетот на водата можеби не е подобрен, но дефинитивно има помало загадување на воздухот“, изјави портпаролот на градот.

Source: smart.sdk.mk


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime