Во грабежот во НЛБ Банка во Чаир се украдени 150.000 евра

Во грабежот што се случи вчера во експозитура на НЛБ Банка во Чаир се украдени 150.000 евра. Од банката соопштија дека тројцата повредени се во добра состојба и се пуштени на домашно лекување.

„По вчерашниот вооружен грабеж што се случи во 10:36 минути во експозитурата на НЛБ Банка во Чаир, би сакале да ве информираме дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба. Двајцата вработени во експозитурата кои беа полесно повредени се пуштени на домашно лекување. Дополнително работникот на обезбедување кој, исто така, беше повреден при грабежот по укажаната лекарска помош е добро и е пуштен на домашно лекување“, соопштија од НЛБ Банка.

Експозитурата во Чаир сè уште не е отворена, а со работа ќе почне од утре, 17 април.

„Банката продолжува да работи редовно и да соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот“, се вели во соопштението.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime