Во ИСИС активно се борат 15 македонски државјани SHARE

Безбедносната ситуација е мирна и нема терористички закани за Македонија. Можностите од такво загрозување постојат како и секаде, но нема  индикатори во моментов за таква закана, проценуваат  безбедносните служби во земјава.

Истите извори објаснуваат дека Македонија се согласила на репатријација на седумтемина нејзини државјани кои се бореа во Сирија и Ирак за да има контрола врз нив. Одбивањето значи да се нема контрола врз овие луѓе кои можат да избегаат или да бидат пуштени од заробеништво, а потоа некој може и да се врати дома, коментираат безбедносни експерти.

Во вторникот наутро седум македонски државјани кои се бореле на страната на ИСИС  беа транспортирани со воен авион во Македонија – акцијата била спроведена во соработка со Глобалната коалиција за борба против тероризмот, по што следувала нивна идентификација со форензичка анализа од МВР и одлука за притвор. Лицата се од Скопје, Тетово, Гостивар и од Прилеп кои биле врбувани од оџата Реџеп Мемиши од џамијата Тутунсуз во Скопје.  Некои од нив биле уапсени пред една година, а други пред неколку месеци и биле заробени од Сириските демократски сили, по што биле предадени на Глобалната коалиција предводена од САД. Против нив биле распишани меѓународни потерници преку Интерпол уште од 2015 година.

Еден од нив во Македонија ќе одговара за учество во терористичка организација, а другите шест за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации. За сите  лица има цврсти докази за делата што ги сториле.

Во моментов на страната на ИСИС има околу  15 активни борци од Македонија. Неофицијално, вкупниот број на лица кои заминале во Сирија, се вратиле, биле логистика, идеолози или загинале е 156. Од нив повратници се  83. Во затвор во Турција има три лица, во македонските затвори 23, а 57 се на слобода. На боиштата за Исламската држава загинале 35 македонски државјани. На боиштата во Сирија заминале и 9 жени од Македонија кои таму родиле и деца.

Бројот на оние кои заминуваат е драстично намален по дополнувањата  во Кривичниот Законик во 2014 година и со делото за учество во странски војски, но безбедносните проценки покажуваат дека и натаму има обиди за регрутирање на нови членови.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2017, Sa o nijamija si protektirime