Во јуни, промени во министерствата, институциите, општините и во СДСМ

Во почетокот на јуни ќе излезам комплетно со промени во раководни структури на министерско ниво, во државните институции, а крајот на јуни ќе почне и по вертикала во општините каде државата е претставена со одредни државни институции, најави премиерот Зоран Заев, на новинарско прашање за тоа до каде е најавената „метла“.

Тој посочи дека се работи за неколку министри, за неколку заменици министри, за неколку директори. Конечните бројки, рече, ќе се соопштат кога за тоа ќе биде донесена одлука.

– Се уште сме во фаза на размислување, го имам концептот.  Главните критериуми ќе бидат ароганцијата, неисполнување на одредени очекувања на граѓаните, неагилниот однос на одредени носители на високи функции, непотизмот, укажувањата од Антикорупциска, сите аспекти ќе бидат согледани и верувам дека ќе направиме вистински решенија, кои ќе бидат сериозен акцелератор за посилно динамизирање на работите во нашата земја, затоа што граѓаните сега очекуваат и конкретни резултати после сите овие крупни политички одлуки и по завршувањето на претседателските избори, појасни претседателот на Владата.

За пораките од Државната комисија за борба против корупцијата за непотизам и судир на интереси при вработувања, Заев потврди дека дел од критериумите врз основа на кои ќе се направат најавените реконструкции се и укажувањата од Антикорупциска.

– Антикорупциската комисија беше јасна и гласна, тоа потврдува дека имаме систем, а тоа е најголемата вредност. Системот би бил систем ако постапуваме по него. Каде има влијание на одредни функционери и со тоа обесправиле граѓани во рамноправноста или во компетативноста за вработување ќе следува одговорност. Дел од критериумите за промените кои треба да се случат се и укажувањата од Антикорупциска, појасни премиерот Заев.

Средба со Ахмети

Информира дека деновиве ќе биде закажана средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со другите коалициски партнери на која ќе се разговара за реконструкцијата.

– Верувам дека треба да се случат промени од сите репрезенти во Владата или во државните институции, рече меѓу другото Заев одговарајќи на новинарско прашање како ја оценува пораката од министрите на ДУИ дека одговорен за нивното работење е Ахмети.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи изјави дека уште денеска ќе биде договорен состанокот меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети, околу најавената реконструкција.

Премиерот Заев им порача дека сите се одговорни пред граѓаните, затоа што дел доаѓаат од политички партии, а дел се интелектуалци.

– Главниот репер се граѓаните. Сите генерално очекуваме каде би се случиле промените. За мене нема пречки и предрасуди. Јас сум мандатор, мојата одговорност е да ги согледам укажувањата на граѓаните, да постапам по нив, да направам соодветни корекции, изјави Заев.

Паралелно, најави, ќе се прават и промени во СДСМ.

Заев повтори дека во наредните 15 дена до крајот на месецот ќе се донесат сериозни одлуки за нашата земја, дел се од интегративните процеси, како што е добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ, која меѓу другото зависи од некои одлуки во Парламентот односно законот за безбедносните служби и за јавното обвинителство.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime