Германија ги отвори вратите за вработување работници надвор од ЕУ

Германската влада го усвои законот за имиграција на квалификувана работна сила која од 2020 година треба да овозможи вработување на работници од земји надвор од Европската унија.

Министрите за економија и труд, Петар Алтмејер (ЦДУ) и Хубертус Хајл (СПД) го поздравија законот, оценувајки дека тоа ќе обезбеди праведни можности и јасни правила во политиката на доселување на квалификувана работна сила.

Алтмејер рече дека ова е историски момент во кој Германија го промени начинот на размислување кога станува збор за имиграцијата.

“Ние зад себе оставаме идеолошка дебата за имиграцијата, која траеше 30 години”, рече министерот за труд, алудирајки на долгогодишното одбивање од страна на политичкиот фактор во Германија.

Министерот за труд истакна дека демографските промени и дигитализацијата ја ставаат германската економија пред голем предизвик, и дека сега недостасуваат околу 1,2 милиони работници.

Тој истакна дека условите за имиграција и понатаму остануваат високи, така што, покрај стручната доквалификација, од клучно значење ќе биде познавање на германскиот јазик.

Еден од најважните новини за идните имигранти е укинување на правилата според кои работникот може да биде вработен, освен ако работодавачот докаже дека за пополнување на испразнетото место не пронашол соодветен работник од Германија или Европската унија.

Според новиот закон, градовите и општините имаат право во иднина да одговорат на трендовите на пазарот на труд и по потреба да ги менуваат критериумите за вработување на работниците кои не доаѓаат од Европската унија.

Конфликтот меѓу владејачката Социјалдемократско-демохристијанска коалиција главно се водеше во врска со прашањето за третманот на лицата кои биле одбиени за барањата за азил, но поради неможноста за протерување веќе со години се во Германија, каде што се делумно вклучени во пазарот на трудот.

Овие лица, меѓу кои и многу жители на земјите од Западен Балкан со некои одредени услови, како што се познавање на германскиот јазик и добра интеграција на пазарот на трудот, ќе им се обезбеди постојано вработување врз основа на новиот закон за доселување на експерти.

https://denar.mk/195261/ekonomija/germanija-gi-otvori-vratite-za-vrabotuvanje-2


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2017, Sa o nijamija si protektirime