Грчките пратеници вечерва ќе гласаат за ратификација на договорот за името

Вториот ден од дебатата за преспанскиот договор, на пленарната седница во грчкиот парламент, ќе биде заокружена доцна вечерва, кога се очекува владата да обезбеди ратификација на спорниот договор, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Според весникот, се очекува тензиите да кулминираат кога пред пратениците ќе се обратат премиерот на Грција, Алексис Ципрас и лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис.

Претходно се стравуваше дека дебатата ќе се развлече до раните утрински часови в петок бидејќи десетици пратеници се јавија за збор. Сепак, претседателот на парламентот, Никос Вуцис, вчера истакна дека гласањето ќе се одвива вечерва според закажаното.

Истовремено, попладнево закажани се протести во Атина против договорот. Организаторите на протестите претходно го повикаа грчкиот народ денеска да не оди на работа, а камбаните да бијат во знак на жалост.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime