Две деца загинале во пожар во Шуто Оризари, запалени четири куќи

Две деца загинале во пожар во населбата Шуто Оризари откако избувнал пожар во една куќа, дознава 24 инфо.

Се работи за момче и девојче на возраст од три години и година и пол. Според информациите од противпожарната единица децата биле во куќата во моментот кога покривот се урнал врз нив, и најверојатно се угушиле.

Неуспешни биле обидите на пожарникарите да ги извлечат од под урнатините и изгорениот материјал, бидејќи децата веќе биле починати а се претпоставува дека уште во моментот кога била повикана пожарната тие биле мртви.

Инаку се работело за импровизирана куќарка која се наоѓа на улицата „Брсјачка буна“ спроти спортското игралиште. Пријавен бил во 13.25 часот, а во околината имало уште неколку залепени куќарки на кои е спречено пожарот да се прошири. Интервенирале 15-мина пожарникари со неколку возила.

Повеќе информации во текот на денот..

 


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime