Две тродневни работилници за преставници на граѓанските организации и градинките во рамки на Проектот „Зајакнување на улогата на граѓанското општество во осигурувањето рамноправност и квалитет во предучилишното образование, воспитание и згрижување (3Е)“ финансиран од Европската Унија

Проектот „Зајакнување на улогата на граѓанското општество во осигурувањето рамноправност и квалитет во предучилишното образование, воспитание и згрижување (3Е)“ има за цел да придонесе кон тековните реформи за интеграција во Европската Унија, преку зајакнување на компетенциите на засегнатите страни и учеството на граѓанското општество во осигурување на рамноправност и квалитет во предучилишното образование, воспитание и згрижување (ПОВЗ). Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) а го спроведува Фондацијата за образовани и културни иницијативи Чекор по чекор – Македонија во партнерство со невладините организации ЦСИ Надеж од Скопје и Биро Мутант од Холандија.

Со цел да се осигура висока стручност и професионално знаење кај граѓанскиот сектор во државата за компетентно и значајно учество во креирањето, имплемнтацијата и следењето на политиките за рамноправно и квалитетно предучилишното образование, воспитание и згрижување, како и отвореност и волја за соработка на предучилишните установи, Проектот организира две тродневни работилници за претставниците на засегнатите граѓански организации, институции и градинките. Истите ќе се одржат од 21ви до 24ти ноември во Струмица и од 12ти до 15ти декември во Скопје.

Програмата на работилниците се темели на „Националната рамка за квалитет во предучилишното образование, воспитание и згрижување“ која е сеопфатен инструмент наменет за зајакнување на улогата на граѓанското општество во дизајнирањето, имплементацијата и мониторингот на политиките кои се однесуваат на ПОВЗ и за приближување на системот за ПОВЗ во државата кон стандардите на Европската Унија. Документот, развиен во соработка со релевантните институции и експерти, содржи препораки и идеи за унапредување на системот на ПОВЗ, преку зголемување на опфатот, обука и професионален развој на предучилишниот кадар, вклучување на родителите и локалната заедница, подобрување на наставната програма и средината за учење, а особено препораки за унапредување на управувањето со системот и установите, и следењето и вреднувањето на квалитетот во работата.

Работилниците имаат за цел инапредување на капацитетите за примена на оваа рамка во работата на градинките, со што ќе се одржува квалитетен и рамноправен систем на ПОВЗ во државата.

 

 


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2017, Sa o nijamija si protektirime