Добрила Андоновска од коалиција храбро за Македонија -Секое семјество миниманла пензија 25000 денари
Во нашата програма на коалицијата „Храбро за Македонија“ воведуваме категодија „пензионерско семејство“. Секое пензионерско семејство во Република Македонија независно дали го сочинува еден пензионер или два пензионери мораат да имаат минимална месечна пензија од 25.000денари.
Пример, ако во едно семејство еден пензионер прима пензија од 13.000 денари, низ системот на социјалните пакети ќе добивадо задолжителните 25.000 денари кои се неопходни за неговиот живот, да може квалитетно да се храни, да купи лекови кои не се на позитивната листа и да ги плати секојдневните свои давачки, да се загрее како што треба домот, да има пари за превоз и слично.
Цениме дека ова е најцелисходна мерка затоа што сите други мерки кои се нудат од другите политички партии или коалиции, драстично ќе го намалат, ќе го униптат пензискиот фонд и после извесен број на години сите ние ќе бидеме загрозени, значи како сегашните, така и идните пензионери.
Многу битна мерка воведуваме, значи пензионерско семејство со загарантирани 25.000 денари на секое пензионерско семејство во Република Македонија.