Добрил Андоновска коалиција Храбро за Македонија, пензијата во едно пензионерско семејство не смее да биде помала од 25.000 денари.
Како пензионер од пред четири години, доктор по професија, она што сигурно можам да го гарантирам е дека ќе се залагам за една семејна пензија којашто е во нашата програма и ќе ја реализираме, со законски измени, кадешто пензијата во едно пензионерско семејство не смее да бид епомала од 25.000 денари.
Што значи тоа? Ако имате еден пензиоенр во семејството кој има помала пензија од 25.000 денари, низ системот на социјалните мерки, таа пензија ќе се надокнади до 25.000 денари. Ако имате двајца пензионери, а потоа еднио тпочине, останува едната пензија, повторно пензионерот ќе оствари право на пензија до 25.000 денари.
Зошто го правиме ова? Затоа што тоа е минимална пензија со која може да опстанат пензионерите во денешно време, да ги платат сите свои давачки, да се хранат квалитетно и да ги платат сите трошоц за здравственото лекување.
Овие мерки што другите партии и другите коалиции се залагаат, за линеарно покачување на пензиите не се добри од причина што ќе колабира пнезискиот систем и за една блиска иднина значи дека никој од нас пензионерите и идните пензионери нема да земеме пензија.