Дополнителна квота за Роми: Колку од студентите Роми се запознаени со овој термин?
Дополнителната квота или како повеќето студенти ја знаеме како Национална квота претставува афирмативна политика за запишување на студенти од малцинските заедници во државните факултети. Целта на дополнителната квота е да обезбеди сигурни места за студентите од малцинските групи во нашата земја за еднаква застапеност на етничките заедници во високо-образовниот систем. Ваквата афирмативна политика за упис на студентите од малцинските групи преку дополнителната квота зависи од волјата на самите Универзитети/факултети и колку се расположени да постапат кон истата, бидејќи ова не го пишува во Законот за високо образование туку е воведен само како предлог за афирмативна политика.
Неформална група на Ромки студентки, спроведоа истражување во текот на ноември кое го опфаќа овој сегмент. Од одговорите на испитаниците се утврди дека повеќето Роми се запишале и биле примени на факултетите од нивен избор затоа што имале доволно поени и ги исполнувале условите, а сосема мал дел биле примени со дополнителната квота. Но, тука се отвори уште едно прашање. Зошто мнозинството Ромски студенти не биле примени, односно не побарале да бидат примени преку дополнителната квота? Имено, нивните одговори на прашањата ги проследуваме во понатамошниот текст подолу:
Како што можеме да видиме од дијаграмот, од вкупно 54 испитаници, 35 од нив одговориле дека се запознаени со дополнителната квота како термин при упис на факултет, додека 17 испитаници не биле запознаени со истиот, а само два испитаника дознале за квотата преку пријател и/или социјален медиум.
Иако ова не постои во Законот за високо образование, сепак се применува во некои факултети, но дали тоа било применето од страна на факултетите или од самото барање на студентот останува нејасно.
Од дијаграмот можеме да видиме дека од вкупно 54 испитаници, 9 испитаници одговориле дека планираат да се запишат со дополнителна квота, додека 25 испитаници одговориле дека не се запишале со дополнителна квота, 5 испитаници не биле примени со оваа квота, додека 15 биле запишани со националната квота. Ова значи дека скоро 1/3 од испитаниците биле запишани преку дополнителната квота, додека добар дел од нив, дури 25 од 54 испитаници не биле запишани затоа што имале доволно поени. Но, исто така не треба да ги изоставиме тие кои не биле примени. Останува дилемата зошто не биле примени и дали факултетот нив им дал формулар при упис за пополнување/искажување на етничка припадност.
Поради таквата дилема, поставивме и прашање околу истата и видовме дека само 19 од 54 испитаници не пополниле таков формулар при упис на факултет, додека 32 испитаници пополниле формулар за изјаснување на етничка припадност.
На последното прашање од истражувањето „Дали е дополнителната квота за запишување на факултетите е воведена во Законот за високо образование?“ од дијаграмот можеме да видиме дека од вкупно 54 испитаници, само 1 испитаник тврди дека квотата е пишана во Законот за високо образование, 22 испитаници мислат дека квотата ја пишува во законот, додека 22 испитаници одговориле дека не знаат дали квотата ја пишува во законот, а 5 испитаници мислат дека квотата не ја пишува никаде во Законот за високо образование.
Таквите одговори веруваме дека се добра подлога за понатамошни јавни дискусии меѓу младите Роми кои во иднина планираат да се запишат на факултет.
Од ова, може да заклучиме дека речиси 80% од Ромските студенти не се запознаени со овој термин, а ниту се сигурни дали ова е воведено во законот за високо образование. Ние испративме и барања за пристап до информации од јавен карактер до факултетите за да се потврди ова и од страна на еден од најголемите универзитети во Република Северна Македонија ,Св. Кирил и Методиј, при што таргет факултети ни беа Економскиот, Филозофскиот и Правниот факултет. Впрочем три факултети во кои има поголем број на студенти Роми. Одговорот од Економски факултет е дека има запишано само еден Ром со кофинансирање. Одговорот од Правен факултет е дека има запишано 4 студенти , 1 само на државна квота а за другите нема податок туку само на кој смер. 1Тоа значи дека ни еден Ром не е запишан со дополнителната квота во академската 2021-2022 година. Дали ова влијае на мотивацијата на студентите при упис во високото образование? Иако сме малцинство, како заедница имаме доволно капацитети да завршиме високо образование (за тоа потврдува и бројката на дипломирани Роми и вработени во институции до сега) во Република Северна Македонија.
Ваквите афирмативни политики се смешни за нивно опстојување меѓутоа не можеме да го негираме фактот дека многу мал процент во последните години одлучуваат да го продолжат своето образование на повисоко ниво. Причините се од различен карактер. Тие.
1 Во моментот на пишување на статијата, немаме одговор од Филозофски факултет.
што веќе одлучиле да продолжат со високо образование не се целосно запознаени со нивните права како идни студенти.
Таквите одговори веруваме дека се добра подлога за понатамошни јавни дискусии меѓу младите Роми кои во иднина планираат да го продолжат нивното академско усовршување. Одговори кои што веруваме ќе бидат добра подлога за јавни дискусии кои треба да се отворат во иднина и ќе резултираат со менување на законикот за високо образование. Првично да ја зголемиме свеста кај учениците Роми кои ќе се запишуваат на државните факултети.
Нашиот став е дека доколку дополнителните квоти стојат во Законот, секој факултет ќе биде обврзан да постапува и да се повикува на него. Така идните студенти ќе немаат потреба предвремено да се повлекуваат и да се запишат на друг факултет како алтернатива за да завршат високо образование. Можеби со поголем напор од факултетите да ја разгледаат целосната документација доставена за упис од учениците и ако истата ја земат во предвид при рангирање, учениците ќе се запишат на посакуваниот факултет и ќе имаме млади професионалци мотивирани за работа на посакуваната професија. За крај апелираме до Владата на Република Северна Македонија, Министерството за Образование и Наука, Студентските здруженија и граѓанскиот сектор да се заложат и да помогнат при задолжителното воведување на „дополнителната квота за малцинските заедници“ во Законот за високо образование.
Неформална група на студентки Фатима Сали-студентка на Фармацевтски факултет и Аријета Тахири – Медицински факултет. Младинско истражување наменет за средношколци и студенти Роми кои учат и студираат во државните училишта и државните факултет. Статијата е изрботена во ноемрви 2021.