Државната изборна комисија ги соопшти конечните резултати од парламентарните избори

Државната изборна комисија на денешната 80 седница ги објави официјалните и конечни резултати од парламентарните избори што се одржаа на 15 јули.

Според комисијата, Коалицијата „Можеме“ предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија освоила 327.408 гласови (35,89%) со што освоила 46 мандати, додека коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 315.344 гласа (34,57%) односно 44 мандати.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) освоила 104.699 гласа, (11,48%) односно 15 мандати, додека Алијанса за Албанците и Алтернатива освоила 80.000 гласови (8%) односно 12 мандати.

Левица влегува во парламентот со освоени 2 мандати, односно 30.426 гласови (4,1%), а Демократската партија на Албанците (ДПА) со 13.930 гласови (1,53%) освои 1 мандат.

Од преостанатите партии, за „Интегра“ гласале 12.291 граѓани (1,35%), ГДУ освоиле 3.555 гласови (0,39%), МОРО освоиле 3,245 гласа односно (о,36%), за Глас на Македонија гласале 2,800 (0,31%) од граѓаните, додека за Единствена Македонија гласале 2,600 гласачи (0,29 проценти).

За СДУ освоиле 2.585 гласови, односно (0,28), за Твоја Партија гласале 1.894 граѓани (о,17%) додека за Народната партија на Ромите гласале 1.225 граѓани (0,13%)

Со усвоените резултати од денешната седница се финализира избирачкиот процес, а уверенијата за освоените мандати ќе бидат врачени на свечената седница во Собранието која ќе се одржи денес.

Како што соопшти претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, бројот на важечки гласачки ливчиња е 912.186, додека бројот на неважечки е 31.564 ливчиња.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime