Државниот завод за статистика го поби Заев и неговите тврдења дека економијата блеска- таа бележи негатива

И додека Зоран Заев вчера се пофали дека економијата блеска, Државниот завод за статистика го демантираше премиерот.

Имено индустриското производство кое е столб на стопанството во јуни годинава бележи негатива во однос на јуни минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, изнесува 97.3.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи пораст од 5.2%, во секторот

Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 34.3%.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на кожа и слични производи од кожа, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на компјутерски, електронски и оптички производи.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи пораст кај Енергија за 29.9% и Трајни производи за широка потрошувачка за 2.6%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.7%, Капитални производи за 3.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.1%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 104.8.

Link: https://kurir.mk/makedonija/vesti/drzavniot-zavod-za-statistika-go-pobi-zaev-i-negovite-tvrdenja-deka-ekonomijata-bleska-taa-belezi-negativa/


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime