ДУИ за прв пат со Албанци, Роми, Турци, Бошњаци како партнери на избори преку Европски фронт Деск Автор: Деск 27/03/2024 10:15 Share
ДУИ на овие избори за прв пат настапува со коалициони партнери. Денеска потпис ќе стават на ист документ со Демократската партија на Турците на Македонија (ТДП), која на парламентарните избори во 2020 година беше дел од коалицијата на СДСМ и освои 1 пратенички мандат.
До сега, интегративците во Тетово потпишаа договор со ДПА и ЕДП.
Али Ахмети порача дека овој фронт ќе функционира до остварувањето на целта – членство во ЕУ. Повика да им се придружат и Македонците и другите заедници за чии права гарант се Албанците и Охридскиот договор. На сојузничките партии им порача заедно да ја преземат одговорноста.
Некогашниот лут политички противник, Мендух Тачи, очекува оваа коалиција да добие 30 пратеници. Таа треба да го оневозможи руското влијание, кое веќе е присутно на Балканот, да дојде и во Македонија.
Според извори на ТВ21, во наредните денови се очекува официјално дел од Европски фронт да биде и партијата на Курто Дудуш односно Сојузот на Роми, за која веќе пишувавме минатите денови.Во Европскиот фронт на ДУИ ќе влезат и Бошњаците со кои официјално потпис ќе се стави во наредните денови.
Минатата недела Ахмети ја официјализираше соработката и со партијата Народно движење Скендер Реџепи Зејди.
Првиот круг на претседателските избори во Македонија ќе се одржи на 24 април, а вториот круг ќе се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај.